1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најбогатите во Луксембург, најсиромашните во Бугарија

БГ/макфакс13 декември 2013

Луксембург останува најбогата земја во ЕУ, а Бугарија е најсиромашна, покажуваат анализите на Евростат. Македонија е на европското дно, според индексот на БДП по глава на жител.

https://p.dw.com/p/1AYnw
ЛуксембургФотографија: AP

Луксембург останува најбогатата земја од 28-те земји членки на Европската унија (ЕУ), а Бугарија, и покрај подобрувањето во последните три години, е се‘ уште најсиромашната, покажува истражувањето на европската канцеларија за статистика Евростат.

Според Евростат, брутодомашниот производ (БДП) во Луксембург по жител, измерен според индексот на куповната моќ, во 2012 година изнесувал 263, во споредба со просечниот БДП по жител во ЕУ, кој изнесувал 100. Бугарија, која стана членка во 2007 година, заедно со Романија го имаат најнискиот индекс на куповна моќ, односно Софија има индекс од 47, додека Букурешт е втор на листата од дното, со индекс 50.

Луксембург е на чело на оваа листа делумно и поради голем број на работници кои работат надвор од земјата, но придонесуваат за БДП-то на Луксембург, а не се водат како дел од населението бидејќи живеат во соседните Германија, Франција или Белгија.

Австрија минатата година стана втората најбогата земја во ЕУ, со зголемување во БДП-то по жител на 130 од 129 во 2011 година и 127 во 2010 година, заземајќи го местото на Холандија, чиј раст е помал, односно индексот на БДП по жител паднал на 128 минатата година од 129 во 2011 година и 130 во 2010 година.

Во истражувањето на Евростат се споменуваат и земјите кандидати за ЕУ, па така Македонија и Србија имаат сличен индекс на БДП по жител, односно тој за двете земји изнесува 35 и 36 во 2012 година. Зад Македонија, според статистиките на Евростат, се единствено Албанија и Босна и Херцеговина, кои се наоѓаат на последните две места на листата, со индекс од 30 и 29 во 2012 година.