1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најважното за Берлинале 2010

11 февруари 2010

Денеска (11.02.2010) започнува 60 јубилејно Берлинале. Традиционалниот филмски фестивал во Берлин ќе трае до 21 февруари, кога ќе бидат познати и добитниците на главните награди „Златната и Сребрените мечки“.

https://p.dw.com/p/Ly3F
Фотографија: AP

Програма:

На официјалниот репертоар на годинешното Берлинале се наоѓаат 392 филма, главно светски или европски премиери. Филмови од сите жанрови, должини и формати, кои ќе бидат прикажани на околу 1000 приредби во различните секции на фестивалот.

Секции:

„Интернеционалниот форум на младиот филм“, важи за секција која презема најголем ризик. Авангарда, експеримент, есеј, долготрајно набљудување, политички репортажи како и непознати кинематографии се на програмата во оваа секција. „Панорама“ пак го презентира независниот и авторски филм, „Генерација“ прикажува филмови за кинопосетителите од 3 до 18 години, а „Перспективата на германското кино“ презентира возбудливи нови откритија од германскиот филмски пејсаж. Секцијата „Ретроспектива“ овојпат е посветена на 60 годишниот јубилеј на Берлиналето и под насловот „Пушти го повторно“ оди на патешествие низ историјата на фестивалот,

Кралската дисциплина:

Berlinale 2010 Pressekonferenz Kosslick
Роденденската торта за Берлиналето е подготвенаФотографија: picture alliance / dpa

Натпреварувачката секција. На неа годинава ќе бидат прикажани 26 филмови од 18 земји. 20 од нив се во конкуренција за освојување на главните награди: „Златната“ и Сребрените мечки“.

Ѕвезди на фестивалот:

Пирс Броснан, Џеки Чен, Гинтер Лампрехт, Жерар Депардие, Леонардо Ди Каприо, Дорис Дери, Мајкл Винтерботом, Мартина Гедек, Шах Рук Кан и Сибел Кекили.

Жирија:

Ги има околу 50, кои доделуваат разни награди и трофеи. Најважното под раководство на прочуениот германски режисер Вернер Херцог ги доделува „Златната“ и „Сребрените мечки“

Професионалци на фестивалот:

Повеќе од 19 илјади луѓе од филмската бранша од 120 земји, меѓу нив 4000 новинари секоја година се акредитирани за Меѓународниот филмски фестивал во Берлин.

Најкраток филм:

„Шухаксихум“ на Џунг Јуми од Северна Кореја трае само две минути и ќе биде прикажан во секцијата за кратки филмови.

Deutschland Film Berlinale Filmfestspiele 2010 Kartenverkauf
Берлиналето има верна публика: Стотици луѓе со денови стојат во редица за влезни картиФотографија: AP

Најдолг филм:

„Во лице на злосторството “ на Доминик Граф е класичен авторски филм од Берлин во 20-те години на минатиот век, кој со своите 500 минути е навистина предолг и затоа ќе биде емитуван во два дела.

Најдобро застапена земја:

Германија со 91 филм.

Зенити:

Еден од нив може да биде официјалната светска премиера на реставрираното ремек делото на немиот филм „Метрополис“ на Фриц Ланг во оригинална должина на големото филмско платно на Бранденбуршката капија.

Публика:

Според директорот на фестивалот Дитер Кослик е „најдобрата што може да се посака“. Таа сака и дискутира дури и за најтешките и најнапорни филмови и десет дена и во десетте фестивалски денови ги исполнува киносалите до последно место.

180 илјади влезни карти беа продадени во 2009, а слично ќе биде и оваа година, кога се вели: Среќен роденден Берлинале! Се’ најдобро за 60 роденден.

Автор: Силке Бартлик/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска