1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најголеми демонстрации во Јапонија во последните децении

ЕМФ/ап9 март 2013

Илјадници Јапонци денеска (09.03), на два дена од навршувањето на двегодишнината од нуклеарната катастрофа во Фукушима, излегоа на протести со барање да се напушти атомската енергија.

https://p.dw.com/p/17uGS
Фотографија: YOSHIKAZU TSUNO/AFP/Getty Images

Демонстрантите во Токио упатија остри критики на сметка на конзервативниот премиер Шинзо Абе, кој сака да стави повторно во употреба многу од нуклеарните централи кои превентивно запреа со работа, а сака дури да изгради и нови централи. Во моментов во Јапонија се активни само две од вкупно 50 нуклеарни централи.

Толку големи демонстрации како денешните во Јапонија немапо уште од демонстрациите против Виетнамската војна во 1960-тите. Демонстрантите аплаудираа и носеа транспаренти на кои стоеше „Спасете ги нашите деца“.

Anti-Atom-Demonstrationen zwei Jahre nach Fukushima
Кензабуро Ое (напред десно) на демонстрациите во ТокиоФотографија: YOSHIKAZU TSUNO/AFP/Getty Images

Противниците на атомската енергија имаат поддржувачи меѓу познатите личности во Јапонија. Носителот на Нобеловата награда за литература Кензабуро Ое на еден од собирите рече: „Ќе се борам против секого кој се однесува како Хирошима, Нагасаки и Фукушима да не постоеле“. И добитникот на Оскар и на Греми наградите, Руичи Сакамото, треба да се појави на еден анти-нуклеарен концерт вечерва.

Во североисточниот дел на земјата, кадешто се случи нуклеарната катастрофа пред две години, се‘ уште не се вратиле околу 160.000 луѓе, поради страв од рак и други последици на радиокативно зрачење. Атомската несреќа во Фукушима на 11 март пред две години беше предизвикана од земјотрес и цунами. Животот го загубија 19.000 луѓе. За утре се предвидени нови демонстрации во Јапонија.