1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

071209 UN-Klimagipfel Eröffnung

7 декември 2009

Самитот посветен на климатските промени во Копенхаген почна. Од денеска (07.12.2009) до 19 декември преку 15.000 учесници од 192 земји ќе се обидат да постигнат договор за нов глобален договор за спас на Земјината клима.

https://p.dw.com/p/KriZ
Фотографија: AP

Неколку дена пред големиот самит за климата се чинеше дека сите напори и преговори ќе бидат попусто. Викендов, кусо пред да допатуваат делегатите во Копенхаген, сепак дојде до пресврт во расположението, така што шефот на Секретаријатот на ОН за климатски промен Иво де Бур можеше да ги дочека гостите со нов оптимизам: „Никогаш досега во 17-те години колку што водиме преговори за климата немало толку ветувања од толку држави. Не минува речиси ниту еден ден, а да не дојде нов план за акција со нови зацртани цели за ограничување на испуштањето штетни гасови. Вакво нешто немало никогаш!“

Amerika Barack Obama Solar Energie Zentrum
Ќе стане ли „претседател на климата“? Обама пред новата генерација соларни колектори во САДФотографија: picture-alliance/ dpa

И големите се приклучија

Она што особено може да радува е фактот што и најголемите загадувачи на човековата околина, САД и Кина исто така испратија обврзувачки цели за намалување на штетните гасови. Згора на тоа американскиот претседател Барак Обама ги смени првобитните планови и најави дека ќе се појави во Копенхаген во завршната фаза на самитот, кога фактички шефовите на држави и влади треба да ги донесат конечните обврзувачки одлуки. Преку 100 врвни државници досега најавија дека ќе присуствуваат на завршницата од самитот од 16 до 19 декември. Михаел Цамит Кутајар, раководител на работната група за долгорочни цели, по најавите за толку масовно учество на шефовите на држави и влади оцени: „Ова е најголемото шоу на светот и тоа мора да биде успешно!“

Итна примена на обврските

Самитот во Копенхаген, според организаторите на конференцијата, ќе биде успешен ако на крајот од двонеделните преговори светот добие сеопфатен и обврзувачки договор за намалување на штетните гасови и другите предизвикувачи на климатските промени. Но, шефот на Секретаријатот на ОН за клима, Иво де Бур нагласува дека самитот може да се смета за успешен и ако веднаш по него почне примената на конкретните мерки и обврски. Немаме време за губење, нагласува Иво де Бур: „Ако зборуваме за краткорочно финансирање, тогаш во наредните години, 2010, 2011 и 2012 мора да имаме обезбедно по десет милијарди долари. Но, уште од сега знаеме дека на подолг рок ќе ни требаат значително повеќе средства. Ако зборуваме за 2020 или 2030 година, тогаш станува збор за стотици милијарди долари...“

Yvo de Boer
„Главниот играч“ на ОН за климатски промени, Иво де БурФотографија: AP

Клучен предизвик

Значи станува збор за навистина многу пари. Но, спречувањето на климатските промени е главниот предизвик за денешната генерација одговорни политичари, порачува јужно-африканскиот бискуп Дезмонд Туту. „Мерилото за храброста на една генерација е сеќавањето на нејзините дела. Ние мораме да останеме во сеќавањето на историјата како онаа генерација, која имала храброст да го спаси човештвото од катастрофалните климатски промени“, нагласува носителот на Нобеловата награда за мир, Дезмонд Туту.

Автор: Хеле Јепесен/Горан Чутаноски

Редактор: Жана Ацеска