1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најголемо октомвриско намалување на невработеноста од обединувањето!

Силвера Падори3 ноември 2005

Министерот за стопанство Волфганг Клемент, во Берлин ја оддржа својата последна прес конференција пред заминувањето од сега веќе стариот кабинет на канцеларот Герхард Шредер. Вообичаено, како на почетокот на секој месец, Клемент го коментираше бројот на невработените во Германија, кој во октомври изнесуваше 4,56 милиони што е за 94.000 помалку од претходниот месец и е своевиден рекорд од обединувањето на Гер

https://p.dw.com/p/AeNf
Министерот ѕа економија на заминување Волфганг Клемент
Министерот ѕа економија на заминување Волфганг КлементФотографија: AP

�анија.

Сегашниот развој ги покажува првите контури дека Германија долгорочно може да и се спротивстави на невработеноста. Започнатите реформи на пазарот на трудот и нивните првични резултати одат рака под рака со заживувањето на целото стопанство. Вакво кроки за состојбата со невработеноста во октомври, скицираше супер-министерот ѕа економија Волфганг Клемент подвлекувајки дека “во овој месец имаше 94.000 помалку невработени по однос на септември, и ова е најголемо октомвриско намалување уште од времето на германското обединување”.

Инаку, во сојузното биро за вработување како невработени во минатиот месец беа регистрирани 4 милиони и 556 илјади лица. Ваквиот октомвриски резултат се должи на позитивното стопанско раздвожување, иако Клемент не маниофестираше голем оптимнизам дека ваквиот тренд ќе продолжи и до крајот на годинава.

“Ако развојот во овој период се одвива како и секоја година, сметам дека во јануари ќе биде надмината границата од 5 милиони невработени. Претполагам дека оваа влада ќе преземе многу брзи решавачки мерки и дека ќе ги примени сите можни инструменти да обезбеди што поголем број вработувања - подвлече Клемент, акцентот ставајки го и на улогата на надоместоците за невработеност, придонесот на комуните, како и на определбата да се обезбеди работа и места за дообразование за младите.

“Сакаме и настојуваме да се оствари нашата цел - уште оваа година ниту еден млад човек под 25 години, да не биде без работа подолго од три месеци“ рече Клемент потсетувајќи дека битката против невработеноста може да се добие пред се со поцврста координација и соработка меѓу претпријата и службите за посредство при вработување, преку преквалификациите и давањето шанса преку дополнителна работа и за оние кои се постари од 58 години. Во редицата мерки се и инструментите против злоупотребите на позициите на оние кои одлучуваат дали некој ќе добие работно место или не. Затоа министерот на заминување Волфганг Клемент инсистираше дека е неопходна интерна ревизија. Потребен е и т.н. колин центар за контакт каде невработените перманентно ќе може да се јавуваат. Ова се само дел од мерките против невработеноста и работењето на црно, на кои може да им се застане на пат преку штедењето, децидно спроведувањето на реформите и инвестирањето.

Силвера Падори