1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најголем производител и најголем увозник на челик

5 октомври 2004

Побарувачката за челик во светот расте. Цените на суровините и натаму растат. Бумот пред се го предизвикува големата побарувачка од Кина.

https://p.dw.com/p/AeQD

Најголемиот светски произведувач на челик во иднина ќе биде застапен и во меѓународниот институт за железо и челик што е прв чекор за конкретни бројки, подвлекува претседателот на германското здружение за челик Дитер Амелинг на маргините на светската конференција за челик во Истанбул. Со тоа Кина дозволува да се фрли поглед зад кулисите на нејзиното производство на челик.Дитер Амелинг не сака да зборува за “рајски времиња“. Вистина браншата доживува најголем процут во последниве 20 до 30 години, меѓутоа грижа предизвикува растењето на цените на суровото железо. Причина за побарувачката е силниот економски пораст на Кина:

“Кинеската економија во петтата година од планот расте со 7 насто годишно, но де факто порастот изнесува 8 до 10 насто. Оттаму и потребата од многу челик. И покрај сите инвестиции и напори за проширување на капацитетите, кинеската индустрија за челик не може да одговори на потребите. Кина има потреба од увоз од околу 30 до 35 милиони тони челик што ги празни пазарите во светот“.

Од 2000-дитата, кинеското производство на челик од 130 милиони во оваа година ќе се удвои на 260 милиони. Тоа значи дека секој четврти тон на светската продукција на челик од милијарда тони потекнува од Кина. Од огромниот порасна кинеското произвидство на челик се изненадени дури и експертите како Дитер Амелинг. Тој проценува дека Кина уште неколку години ќе увезува челик:

“Ние сме среќни што нашите кинески колеги станаа членки на на нашето здружение. Сега можеме со нашите колеги да комуницираме и да дознаеме кога Кина ќе стане извозник, но јас не сметам на тоа уште во наредните 2 до 3 години. Всушност, според мојата прогноза, тоа нема да се случи пред 2010 година“.

Германската челична индустрија годинава смета на пораст од три проценти, односно на 46,5 милиони тони. Според сегашните проценки, тоа можеби ќе биде и поголемо, проценува Амелинг.