1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најдобриот боксер на сите времиња полни 70 години

17 јануари 2012

Во својот роден град Луисвил, Мухамед Али денеска (17.01.2012) ќе го прослави 70-от роденден. Тој е тешко заболен од Паркинсоновата болест но е почитуван ширум светот како најголемиот боксер на сите времиња.

https://p.dw.com/p/13kpl
Мухамед АлиФотографија: AP

Мухамед Али е роден како Касиус Клеј во 1942-ра во Луисвил, Кентаки. Со 12 години започнал со боксот- од гнев поради тоа што му го украле велосипедот. Во 1960-та го освои олимпиското злато во Рим во полутешка категорија. Претходно има освоено бројни национални титули. Кусо по ОИ во Рим започна неговата блескава кариера како професионалец.

Шармантен голем фалбаџија

Клеј бргу забележа дека како љубезен и скромен боксер не се стигнува далеку во тешкиот профибизнис. Затоа тој набргу се претставуваше провоцирачки и им се потсмеваше на противниците. По неговата прва освена титула светски првак, Клеј чекореше низ рингот извикувајќи "I am the greatest!"- „Јас сум најдобриот“.

Muhammad Ali als Junge
Младиот Касиус КлејФотографија: AP

"Float like a butterfly, sting like a bee" -„Лебди како пеперутка, боцкај како пчела“, вака Клеј го опишуваше својот боксерски стил. Во мечот за светската титула во мај 1965-та тој уште во првата рунда го испрати Сони Листон на пoдот. „Станувај, спанко“, му викаше в лице на нокаутираниот Листон.

Во 1964 година Клеј конвертираше во ислам. Го отфрлам, рече, моето „ропско име“ и отсега ќе се викам Мухамед Али. До срединаа на 60-те тој прераснa во славен попстар. Меѓутоа потоа следуваше крах. Од протест против војната во Виетнам, Али одби да служи во армијата. Посlедиците беа остри: затвор, забрана за боксување и одземање на сите титули.

Легендарните борби со Форман и Фрејжер

Во 1970-та по три години пауза, Али му се врати на боксот. Во 1974-та , во Киншаса, тогаш главен град на Заир, противник му беше Џорџ Форман. Али ги исцрпе Форман со дефанзивна тактика и со постојано навредување. Форман кој претходно имаше 40 борби без пораз во 80-та рунда беше нокаутиран. Али повторно беше шампион.

USA Boxen Muhammad Ali siegt sensationell gegen Foreman
Сензационалната победа на Мухамед Али против Џорџ Форман во КиншасаФотографија: picture-alliance/UPI

Еднакво легендарна како борбата со Форман во Африка беше и дуелот на Али со Џо Фрејжер на Филипините во 1975-та. На жештина од околу 40 степени Целзиусови мечот наречен "Thrilla in Manila" треаше речиси во цела должина. Дури во 14 од вкупно 15 рунди тренерот на Фрејжер ја прекина борбата, бидејќи неговиот штитеник речиси не можеше да гледа. Кусо по крајот на мечот и Али се онесвести.

Еден камбек премногу

Во 1978-ма Али ја загуби титулата од Леон Спинкс. Во возвратниот меч тој си го поврати шампионскиот појас и по третпат беше светски првак. По борбата тој најави повлекување од боксот. Сепак во 1980-та се врати наспроти советите на неговите лекари. Меѓутоа тој убедливо ги загуби двете последни борби во кариерата од Лери Холмс и Тревор Бербик.

Мухамед Али беше четирипати женет, последен пат од 1985-та наваму со Леони Вилијамс. Со неговите четири сопруги има шест деца. Покрај тоа има и посвоен син и две вонбрачни деца. На фотографијата Али ги држи ќерките Хана и Лајла која подоцна и самата имаше успешна кариера како професионална боксерка.

Boxerlegende Muhammed Ali entzündet olympisches Feuer
Мухамед Али го пали олимпискиот оган во Атланта во 19960та годинаФотографија: AP

Во 1984-та на Али му е дијагностицирана Паркинсонова болест. Постојано има шпекулации дека таа е последица на ударите што ги примал Али во боксот. И покрај болеста тој по неговата активна кариера се ангажираше во добротворни цели. Меѓудругото за подобро разбирање меѓу исламскиот и западниот свет.

Носител на олимпискиот факел

На Летните олимписки игри во Атланта во 1996-та, Мухамед Али повторно имаше голем настап. На веќе тешко болниот Али му припадна честа да го запали олимпискиот оган. Тоа беше еден од најемоционалните моменти на игрите.

Во 1999-та година трикратниот светски првак можеше да се радува на нови признанија. Меѓународниот Олимписки Комитет го прогласи за „ Спортист на векот“.

Автор: Андреас Цимонс/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска