1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најдобрите барови на светот

18 март 2012

Будимпешта има одлични барови. Меѓу нив и места кои се вбројуваат меѓу најдобрите во светот. Што ги прави посебни?

https://p.dw.com/p/14LYN
БудимпештаФотографија: picture alliance/Arco Images GmbH

Настап на унгарскиот бенд Напра во најдобриот бар на светот А38. Ваквите настапи го прават барот омилен. Дел од посетителите велат:

„Многу ми се допаѓа.“

„Овде доаѓам речиси секоја недела, навистина е убаво, го сакам ова место.“

„Прекрасно е.“

„Ние како Унгарци сме горди на А38.“

А38 е всушност стар украински товарен брод. Од 2004 година е всидрен на Дунав како брод за културни настани. Вера Сабаткаи одамна знае за ова омилено место за излегување. Таа како туристички водич организира индивидуални тури за запознавање на ноќниот живот на Будимпешта. Една од првите адреси е секогаш А38.

„Ова е најверојатно најдоброто место за концерти, овде се одржуваат најдобрите концерти во Будимпешта. Бродот е ’кул’-место - на Дунав сте, можете да гледате во водата и музиката е секогаш одлична“, вели Сабаткаи.

Budapest Nacht Club
Атмосферата во баровите е извонреднаФотографија: picture-alliance/Lonely Planet Images

Честопати повеќе групи настапуваат во иста вечер. Групата Сабио Балаш настапува заедно со Напра. Шандор Козлов, одговорен за програмата во А38, вели:

„Ова е пред се‘ место за концерти. Но ние комбинираме различни мултикултурни активности. Имаме првокласен ресторан, концертна хала, барови и простор за изложби. Навистина е добро место за средби.“

На површина од 2000 квадратни метри има два бара на долниот кат и бар на бродската тераса. Цените на пијалоците не се високи - едно пиво чини околу две евра.

Вера Сабаткаи оди на другата страна на реката. А38 не е единствениот невообичаен бар во Будимпешта. Во изминатите 10 години градот доби многу интересни места за излегување. Типични се таканаречените „барови руини“. Тоа се напуштени згради, кои стануваат барови на определено време. „Сцимпла Керт“ е најстариот ваков бар во градот и е трет најдобар во светот.

„Сцимпла е речиси институција. Тоа е најпознат ’бар руина’. неговите сопственици го почнаа овој тренд - среде градот, во двор да се отвори бар. Дизајнот е посебен, а атмосферата во Сцимпла е уникатна“, вели Сабаткаи.

Donau bei Budapest
Добри места можат да се најдат на двете страни на ДунавФотографија: AP

Сцимпла Керт значи обична градина. Барот е на сегашната локација од 2004 година. Покрај домашните гости, привлекува се‘ повеќе туристи:

„Ми се допаѓа ова чудно место.“

„Во Њујорк, од кадешто доаѓам, нема вакво нешто. Одлично културно искуство.“

„Во Париз нема вакви алтернативни места. Ми се допаѓа многу!“

Целта е со малку пари, но многу креативност, да се направи место на кое секој ќе се чувствува добро. Тоа, како што покажува примерот на третиот најдобар бар во светот, сосема очигледно е успешно реализирано. Габор Берењи, еден од тројцата основачи на Сцимпла Керт, објаснува:

„Сцимпла, ако треба да го дефинирам, е неопислив феномен. Промената е постојана. Би биле среќни кога би биле и меѓу најдобрите сто во светот, а третото место е се разбира извонредно. Бевме повеќе од задоволни.“

За Вера Сабаткаи ноќта се‘ уште не е завршена. Таа оди во наредниот бар. Можеби и тој наскоро ќе се вброи во најдобрите во светот.

Автор: Шарлоте Радзвил / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Симе Недевски