Најмодерен начин на купување!
29 ноември 2009Продавница која работи 24 часа седум дена во неделата. И нуди се‘ што можете да замислите, односно да најдете во една добро снабдена стоковна куќа. Ова не е реклама туку информација за новиот тренд што ја зафаќа Македонија. Купувањето преку интернет станува хит во земјата, електронските продавници стануваат се‘ побројни.
Богата понуда на производи
Една од првите е продавницата на Билјана Радоњанин. Оваа млада жена со својата колешка во април годинава почнува нов бизнис.
“Ние се наоѓаме на интернет а не во централното градско подрачје. Нашата веб страница започнува со класичен излог. Ги користиме истите алатки како секој шопинг центар“.
Продавницата нуди се‘. Цвеќиња, облека, мебел, компјутери.
Палатета на производи што можат да се купат преку интернет е навистина богата. Испораката брза. Најдоцна за 24 часа откако ќе се нарача и плати производот е неговата испорака.
Неинформираност и страв на граѓаните
Најголема слабост на електронското купување, односно пречка што го забавува развојот на он лајн шопингот е неиформираноста и стравот на граѓаните. Луѓето или воопшто не знаат за можноста да купуваат на интернет или се плашат дека нивните платежни картички ќе бидат злоуопотребени. Безбедноста на трансакциите ја гарантираат банките. Очекуваат брз раст на овој начин на трговија. Владо Цветковски од ИК банка ги охрабрува и купувачите и продавачите
“За среќа тој број на трансакции се зголемува, не рапидно но се зголемува. Се надевеме дека идната година ќе достигнеме добро ниво“
Македонија во последниот период напредна во имплементацијата на сигурносните стандарди. Веќе не е црна дупка во европската информатичка технологија, смета компјутерскиот администратот во една од поголемите македонски компанија.
“Веројатно сме стасани со таа имлементација на сигурност со заштита на податоци. За да профункционира он лајн шопингот треба прво треба да профункционира електронското банкарство“.
Во Македонија повеќе од 40 проценти од граѓаните користат интернет, а во земјата има десетина он лајн продавници. Нивните анализи покажуваат дека растот на интернет шопингот од април до октомври изнесува неверојатни 140 проценти.
Автор: Горан Петрески
Редактор: Жана Ацеска