Најуспешните Ф1 возачи на сите времиња
Себастијан Фетел се наоѓа пред освојување на четвртата титула светски првак во кралската класа на автомобилскиот спорт. Уште сега тој се вбројува меѓу најголемите возачи во историјата на Формула 1.
Најмладиот светски првак на сите времиња
Кога Себастијан Фетел во 2010 година за првпат стана светски првак во Ф1 имаше 23 години и 134 денови односно беше најмладиот освојувач на шапмионската титула на сите времиња. Во Формула 1 речиси никој не може да го претекне. Повеќе од 30 пати досега тој веќе славеше и со шише шампањ прскаше врз толпата.
Поомилен од Шуми
Себастијан Фетел да мора да го паркира својот автомобил, тоа се случува ретко. Овој 26 годишен Ф1 возач е пред својата четврта титула светски првак едноподруго. Според една анкета тој кај Германците е дури поомилен од неговиот пример, рекордерот во освојување шампионски титули - Михаел Шумахер.
Рекордер
Иако неговото враќање на пистите зарши не многу успешно, Михаел Шумахер и натаму ги држи најважните рекорди во Формула 1: Седум титули светски првак, 91 Гран-при победи, 151 пласмани меѓу првите тројца. Со години Шуми го одредуваше тактот и тоа не само при прогласувањето на победниците.
Дождливо време
Шумахер (л.) до денес се смета за најдобар возач на сите времиња на дождливо време. И кога пистите беа најлизгави тој не избегнуваше дуели. Тоа многу добро го знаеше Дејмон Хил (д.) во 1994 година. Таа година Шуми ја освои првата од неговите седум титули - светски првак.
Светски првак во сребрената стрела
Она што Михаел Шумахер не успеа да го постигне со својот камбек, му појде од рака на Хуан Мануел Фанџо уште во 1950 година: Аргентинецот стана светски првак со сребрената стрела на Мерцедес, и тоа двапати. Фанџо освои вкупно пет титули светски првак, меѓу 1954 и 1957 четири едноподруго.
Брабхам во Брабхам
Австралиецот Џек Брабхам беше трипати светски првак. При неговиот последен СП триумф во 1966 година тој возеше тркачки автомобил, кој самиот го конструираше. Тоа до денес е единствен случај во Формула 1 и најверојатно така и ќе остане.
Крај по 99 трки
Три титули светски првак освои и Џон Јанг Стјуарт, кого сите го нарекуваа Џеки. Овој Британец во 1973 година ги напушти пистите како светски првак. Својата, всушност планирана, 100. трка Џеки Стјуарт никогаш не ја извозе, оти неговиот тимски колега Франсоа Север загина на тренингот за Големата награда на САД.
По титулата огнен пекол
Ники Лауда во 1975 година стана за првпат светски првак. Една година подоцна овој Австриец доживеа несреќа на Нирбургринг. Неговото Ферари се запали. Лауда се здоби со тешки изгореници на главата, додека отровните гасови им наштетија на неговите бели дробови.
Четирипати Прост
Лауда (л.) се врати - и тоа како! Во 1977 година тој повторно стана шампион. 1984 ја освои и третата титула, пред тимскиот колега во Мекларен Алан Прост (д.). Овој Французин потоа доби вистинска инспирација и четирипати си ја обезеди круната - светски правак.
Провокатор
Меѓу колегите Нелсон Пике не е безусловно омилен, бидејќи Бразилецот во јавноста радо говори против неговите конкуренти. На патеката Пике се вбројува несомнено меѓу најдобрите возачи на 80-тите. Потврда за тоа се трите титули светски првак.
Најбрзиот?
По стапките на Пике како народен херој во Формула 1 на Бразил стапи Аритон Сена (л.). Во рок од четири години трипати беше светски првак. До денес има експерти кои сметаат дека Сена беше најбрзиот пилот во Формула 1 на сите времиња.
Трагичен крај
Аритон Сена живееше само 34 години. Тогашниот трикратен шампион загина во 1994 година при несреќа која се случи на Големата награда на Сан Марино.