1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Британија и’ растат јавните задолжувања при мерки за штедење

Александар Методијев/афп/ап22 јануари 2013

Британските државни позајмувања скокнале во декември, покажаа денеска (22.01.) објавените податоци на Канцеларијата за национална статистика. Тоа одново ги поттикна шпекулациите за намалување на кредитниот рејтинг.

https://p.dw.com/p/17Ont
Фотографија: picture-alliance/empics

Велика Британија го има врвниот кредитен рејтинг „ААА“. Но, тој би можел да биде намален, бидејќи позајмувањата во јавниот сектрор се поголеми од очекуваното. Тоа ги ги намалува плановите на владата да го намали дефицитот.

Канцеларијата за национална статистика во вторникот изјави дека нето позајмувањата во јавниот сектор во декември изнесуваат 15,4 милијарди фунти, споредено со 14,8 милијарди фунти во претходната година. Станува збор за шестти последователен месец во кој позајмувањата се над нивоата од претходната година.

Ако овој тренд продолжи, тогаш според Мартин Бек, аналитичар во Капитал економикс, позајмувањата во вискалната година која завршува во март ќе бидат околу седум проценти повисоко од претходната година.

Канцеларијата за национална статистика објасни дека позајмувањата во минатиот месец се зголемиле затоа што трошењата во јавниот сектор ги надминале приходите од даноците. Тоа се случило и покрај тековните мерки за штедење, кои ги спроведува британскиот министер за финансии Џорџ Озборн.

Експертите затоа очекуваат барем една од светските рејтинг агенции да го намали британскиот кредитен рејтинг во следните неколку месеци.