1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Велигден заедно

Вера Тодоровска28 април 2008

Дебарчани им се радуваат и на христијанските и на муслиманските празници. Велат - на овие простори така билo, така и ќе остане!

https://p.dw.com/p/Dpx0
ДебарФотографија: Petar Stojanovski

И овој Велигден, како и со векови наназад, старешините на двете верски заедници во Дебар кршеа велигденско јајце, продолжувајќи ги вековната верска толеранција и соживотот што ги красат жителите од ова подрачје. Дебарскиот муфтија, ефенди Ружди Љата, со свои соработници беше во посета на Дебарската парохија, каде што го пречека свештеникот Благоја Спировски со членови на Црковниот одбор.

„Сите народи во светот празнуват и се радуваат кога го имаат својот празник, а дебарчаните се радуваат и кога имаат исламски и кога имаат христијански празници, затоа сме и дебарчани бидејќи заедно ги празнуваме, вели дебарскиот муфтија Љата, за кого не е никаква новина дека во дебарско постои традиција на меѓусебно честитање и посета, и тоа не само за празници. Сме се почитувале и ќе се почитуваме“, вели Љата додавајќи дека добрите односи се негуваат и со старешинствата на манастирите „Свети Јован Крстител“ попознат како Бигорски манастир и „Свети Георгиј Победоносец“.

„Земените обврски дека ние ќе ги чуваме црквите и манастирите, а православните џамиите и понатаму ги сметаме како даден завет кој го почитуваме и ќе го почитуваме и понатаму, бидејќи таков бил Дебар и така треба и да остане“, категоричен е муфтијата. Дебарскиот свештеник Спировски, заблагодарувајќи се за посетата и честитките упатени од ефенди Љата, порача дека оние кои сакаат да се убедат во верската толеранција, наместо да вршат дебати на телевизиите, да одржуваат конгреси и симпозиуми, треба да дојдат во Дебар за да видат и да се убедат како треба да се живее заедно.

Дека трдицијата наследена од дедовци и прадедовци и понатаму се негува потврдуваат и дебрани, кои во изминатите денови се посетуваат и си го честитаат овој празник на празниците, христовио воскреснување. Така било, така велат и ќе остане се додека не има на овие простори. Потврда за тоа е и фактот што никогаш не се памети меѓуверско нетрпение или сквернавење на верски објкет.