1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На годинашното Берлинале поприсутни македонските режисери

Силвера Падори11 февруари 2006

Иако и на годинашново издание на првиот од серијата големи меѓународни фестивали во главната конкуренција нема филм од Македонија, во катеогоријата Талент Кампус и Европски филмски маркет се присутни триоца македонски режисери.

https://p.dw.com/p/AeTY
Филмски плакат на Берлинале
Филмски плакат на Берлинале

На црвениот килим пред палатата на Берлиналето на Подздамер Плац од завчера е како во Холивуд. Стотици вљубеници на филмот ги поздравуваат своите миленици. Има и многу љубопитни кои не ја пропуштаат приликата да ги видат во живо актерите од филмското платно, кои секој фебруари се гости на престолнината. Во четвртокот вечерта тука први згазнаа директорот на Берлиналето Дитер Кослик, министерот за култура Берд Неуман, градоначалкникот Клаус Воверајт... Но и ѕвездите на филмот “Снежен колач“ Сигурни Вивер и Алан Рикман со кој се отвори Фестивалот. Меѓу 26 филма кои се во главната програма Берлиналето, во трката за Златната и србрените мечки се 19 остварувања од кои дури 4 од германската продукција. Првиот кој беше прикажан пред публиката “Снежен колач“ целосно одговраше на берлинската ноќ - снежна и студена како онаа во Онтарио , во траги-комедијата на Марк Еванс. Филмот кој започна со една сообраќајна несреќа без сомнение нуди прикаска исполнета со многу атмосфера , емоции и суптилен хумор.Во центарот на сторијата е една аутистична жена - ( Сигурни Вивер) чија ќерка - стоперката случајно загинува во автомобилот на еден штотуку ослободен затвореник (Алан Рикман).

Стартот на фестивалот, практично не го означи трендот кој е присутен во повеќето филмови на фестивалот и кои и даваат белег и на главната конкуренција, а за што директорот Дитер Кослик вели:„ Во филмопвите во сите секции, а посебно во главната конкуренција се присутни многу политички филмови, блиски до реалноста.Имам чувстви дека поради тоа, има помалку вакви политички филмови во категоријата документарец. Со тоа се потврдува дека светски тренд е полкитичкото кино и убаво е што Берлиналето во тоа се вклопува.“ Така во главната конкуренција се “Пат за Гвантанамо“ на Мајкл Винтерботом, “Обвини ме“ на Сидни Ламет, “Грбавица“ на Јасмила Жбаниќ, но и иранскиот “ Офсајд“ на Џафер Панахи, кој едновремено ја инволвира и втората значајна тема на годинашниот берлински фестивал - Фудбалот.

Исклучително силно е присутен и германскиот филм. Меѓу 360 продукции, 54 се германски и тоа дури 4 во трката за главните фестивалски одличја, што несомнено говори за актуелниот миг во кинематографијата на земјата домакин.„ Четирите филма кои се во конкуренција се многу различни. Тренд е добриот филм, убавиот и добар филм“кажува директорот Кослик.На Златната и сребрените мечки атакуваат: Елементарни честички на Оскар Рехлер, “Реквием“ на Ханс Кристијан Шмит, “Слободниот Вил“ на Матијас Гласнер и “Стремеж“ на Валеска Гризебах.

За разлика од изминатуите години, македонските режисери годинава се поприсутни на Берлинатлето. Сергеј Станојкоски, кој првпат пред две години стартуваше во Талент кампусот сега своето првенче Контакт го презентира на европскиот филмски маркет каде се присутни 260 фирми кои се занимаваат со продукција од 43 земји За место во талент кампусот кој е своевиден форум на филмскиот подмладок каде младите филмаџии ќе имаат прилика да работат со светски докажани режисери и експерти се бореа 3.500 млади луѓе, за што Катја Ронке вели дека многу експерти радо повторно би дошле . Тука годинава се Михаел Балхаус, Вим Вендерс.„Ние сме вистинска кампус заедница и интересно и напрегнато е да се гледа како нашите таленти се вклучуваат во работата и заеднички реализираат проекти!“

Меѓу талентите е Марија Џиџева која ќе го развива проектот “Си барам невеста“,Вистинска шанса и многу среќа вечерва треба да и посакаме на Дарија Андовска, чиј заеднички анимиран проект со Младен Џукиќ од Босна “Ако ти требам“ е еден од трите финалисти за наградата “Берлин денес“ со чие доделување се отвара категоријата за младите филмаџии. Фестивалските денови, инаку, несомнено се празник за престолнината и Берлинчани кои како да се магепсани од подвиќжните слики. Само со магија може да се опише шаренилото од Берлинале-плакатите кои им даваат колорит на автобуските постојки и целиот град, редиците пред касите за кино влезници и радоста да се биде дел од фестивалот, да се видат светските остварувања и ѕвезди, а не само да се слушаат филмските експерти и критичари. И за крај - новина на годинашното издание е што носителите на одличјата на Фестивалот нема да бидат соопштени на прес конференција, туку директно на гала церемонија во Берлинале палатата- по урнекот на Оскарот!