1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Грција и‘ требаат пари - репарациите повторно актуелни

Јанис Пападимитриу /Елизабета Милошевска Фиданоска3 октомври 2012

За Германија прашањето на репарации е одамна завршено, но за многу Грци е се‘ уште отворено. Министерството за финансии во Атина основаше работна група која треба да провери дали има отворени барања кон Германија.

https://p.dw.com/p/16JDo
Фотографија: Marén Wischnewski / Fotolia

Грција прави проверка на барањата за репарации кои Германија можеби би требало да ги плати поради уништување на грчки села и градови и нацистички злосторства во Втората светска војна. Предмет на дебата се‘ уште е враќање на принудна позајмица во висина од милијарди, која грчката Централна банка во 1942 година ја ставила на располагање и која не е вратена до денес, се вели во Атина. Според наводи на заменик министерот за финансии Христос Стаикурас, основана е работна група која проверува дали за тоа има документи во државниот архив. Првите резултати од проверката треба да бидат познати до крајот на 2012 година.

Страв од надворешнополитички штети

Многумина набљудувачи, дури и во Грција, се прашуваат дали евентуални барања за репарации речиси 70 години по крајот на Втората светска војна се‘ уште имаат оправдување? Стелиос Перакис е убеден дека е така. Професорот по меѓународно право на универзитетот Пантеон во Атина пледира за поставување на барање за репарации најбрзо што е можно.

„Лондонскиот договор од 1953 година предвидува исплата од ваков вид да биде запрена до конечното решение на прашањето на репарации, што значи до конечното решение на германското прашање. Ова следуваше во 1990 година, односно со договорот 2 плус 4, кој не се опишува како мировен договор, но ја исполнува токму таа функција со оглед на тоа што со него повторно се воспоставува целосна сувереност на Германија“, нагласува Перакис.

Во ноември 1995 година Грција со вербална нота и‘ се обратила на Германија околу прашањето на репарации, но одговор не стигнал, освен политички изјави во насока дека прашањето изгубило оправданост, додава Перакис.

Symbolbild deutsch-griechische Kooperation
Дали евентуални барања за репарации речиси 70 години по крајот на Втората светска војна се‘ уште имаат оправданост?Фотографија: Igor Ostapchuk - Fotolia

Преживеаните од нацистичките масакри и семејствата на воените жртви во Грција во тоа време чувствувале дека владата не ги спроведува доволно енергично своите интереси, веројатно од страв да направи надворешнополитички штети. Многумина затоа лично поднесле тужби пред грчките судови. На преживеаните од масакрот во местото Дистомон со судска одлука им се одобрени 30 милиони евра обесштетување, но спроведувањето на одлуката е блокирано по интервенција на грчкиот министер за правда.

Грчки пари за германска војна

Предмет на дебата од грчки аспект е враќањето на принудната позајмица на грчката Национална банка од 1952 година, која во окупираната Грција предизвикала галопирачка инфлација. Со тие пари нацистичкиот режим ги финансирал трошоците на окупацијата, како и некои воени операции во Северна Африка. Хитлер самиот го признал долгот и почнал со враќање на парите, но на крајот на војната отворен останал голем износ пари.

Griechenland Fianzkrise Finanzministerium in Athen nach Bombendrohung geräumt
Министерството за финансии во АтинаФотографија: AP

На Конференцијата за репарации во Париз во 1945-46 година, Грција доби репарации во вкупен износ од 7,5 милијарди американски долари, вклучително и принудниот кредит. Професорот Перакис не сака да шпекулира околу конкретни суми и укажува дека за тоа треба да се изјасни новооснованата работна група на Министерството за финансии. Но зошто оваа група се формира токму сега?

Празни каси и притисок на јавноста

Некои претпоставуваат дека тоа има врска со обидите на грчката влада да го санира буџетот. Голем број политичари на левицата и десни популисти во парламентот сакаат да изнудат ваква поврзаност на работите. Но не треба да се потцени ниту притисокот на јавноста. Неодамна атинскиот адвокат Стефанос Фуртунидис поднесе тужба, заедно со уште две лица, против надлежните министерства затоа што тие наводно не се во состојба да дадат информација околу грчките барања за репарации во врска со принудниот кредит. Фуртунидис објаснува: „На едно параламентарно барање Министерството за финансии во 2012 година во грчкиот Парламент даде објаснување дека недостига доказен материјал. Со оглед на тоа што губење на официјални документи е казниво, поднесовме тужба против ’сите политчки и административно одговорни лица’, согласно грчките закони“, вели адвокатот. Одговорни во овој смисол се Министерството за финансии и Централната банка. Потоа министерот за финансии даде налог за основање тричлена работна група која треба да ги собере сите информации околу случајот.

Griechenland Ratingagentur stuft Kreditwürdigkeit weiter herab Nationalbank in Athen
Централната банка во АтинаФотографија: dapd