1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Г-8 сепак стана збор и за економијата

17 јули 2006

Средбата на седумте најразвиени индустриски земји и Русија, таканаречаната Група 8 на една маса ги собра најмоќните во светот. Она што започна пред 30 години во францускиот град Рамбује со шест држави, одамна не е самит за економија. И овојпат во Санкт Петерсбург развојот повторно играше споредна улога. Единствено високата цена на нафтата и преговорите за Доха рундата предизвикаа дебата:

https://p.dw.com/p/AeLN
Стигнаа да разговараат и за економските парашања
Стигнаа да разговараат и за економските парашањаФотографија: AP

Самитот во Санкт Петерсбург беше во сенката на Блискоисточната криза, а што се однесува до економијата декларацијата на осумтемина звучеше како повторување на изминатите години: освен неколку неурамнотежености, се се одвива добро, економијата расте, само цената на нафтата е проблем. Дали е баш така, дека економијата игра споредна улога на ваквите средби? Германскиот државен секретар за економија Бернд Пфафенбах:

„Категорично го одбивам тоа. Секако дека се разговара за актуелните проблеми и така мора да биде. Би било сосема погрешно да не се расправа за тоа што на Блискиот исток се појави проблематчиен развој, или големите проблеми како сега со Иран. Кога веќе се среќаваат, тогаш мораат да разговараат и за такви проблеми„.

Така се случи и во Санкт Петерсбург. Се разбира, Блискиот исток ги покри другите теми, но сепак осумтемина разговараа и за економијата. И повторно во фокусот на дебатата високата цена на нафтата. Пред две години на самитот во Си Ајленд еден барел чинеше 38 долари, сега двојно повеќе. Ќе бидат ублажени шпекулациите – по самитот за тоа ништо не се слушна.

Друга тема беше ќороскакот во кој се најдоа преговорите за таканаречената Доха-рунда. Ништо повеќе од апелот сите да се вратат на преговарачката маса и до средината на август да се дојде до решение. Јерг Калински од организацијата за развој ОКСФАМ е скептичен:

„Овие преговори се најдоа во ќорсокак зашто САД и ЕУ не се подготвени да направат суштински отстапки, односно да ги исполант ветувањата дека, на пример, ќе ги намалат аграрните субвенции. Скептичен сум дали токму самитот е вистинското место за заживување на важните преговори во СТО„.

На рускиот домаќин не му успеа да се договори со САД за влез во СТО. Преговорите ќе продолажт, зашто, како што рекоа и Буш и Путин, има уште неколку проблеми, Кои, не рекоа. Освен што Путин рече дека станува збор за милијарди рубли и долари.