1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На економски план Србија нуди изненадувања

18 јануари 2007

Шест години по падот на Слободан Милошевиќ, Србија повторно се наоѓа на крстосница: в недела ќе се избира нов парламент. За околу 7 ипол милиони жители, многу нешта се во игра. Дали земјата ќе фати курс кон Европската унија, или националистите ќе излезат засилени по изборите, што според многумина посматрачи Србија дополнително би ја излолирало? Сепак, до економски аспект Србија нуди позитивни изненадувања:

https://p.dw.com/p/AeJg
Од новиот парламент се очекува да го следи развојот на стопанството
Од новиот парламент се очекува да го следи развојот на стопанствотоФотографија: picture-alliance / dpa

Во текот на 1974 година, извесниот Слободан Милошевиќ се избори за директорската фотелја во југословенскиот гас-концерн Техногас. Тоа беше првата функција на човекот што својата земја подоцна, како политичар, со националистички пароли, ја одведе во војна и изолација.

Денес во фотелјата седи еден Германец, зашто пред десет години Техногас беше преземен од хесенскиот производител на гас „Месер-Грисхајм„. Во меѓувреме фирмата испорачува од Србија за целиот Балкан како водечка на пазарот: кислород, јаглерод и аргон. Директорот Ернст Боде укажува на добрата мината бизнис година:

„Во изминатите 20 години немавме толку многу нови зделки како во 2006„.

Најнов проект е новата фабрика во близината на Белград. Волуменот на инвестицијата изнесува 40 милиони евра. Боде има искуство во Србија. Пред 8 години веќе беше овде. Но, од тогаш, како што вели, многу нешта се променија кон позитивно:

„Стопанството и политиката во последните години сосема се одвоија. Политички и натаму е релативно тешко, но не може да се споредува со минатото. Сега е многу подобро. Фала му на бога, економијата влече напред. Главните личности во фирмите воопшто не страхуваат од политиката. Тоа е најголемата разлика од минатото, зашто порано политиката доминантно се мешаше во стопанството. Сега, за жал, политиката тапка зад економијата„.

Токму тоа и се заканува на Србија: на политички план да го пропушти приклучокот кон Европа, а не од економски причини. Имено, во годишниот извештај на Светската банка за 2005 година Србија беше означена ккао реформска земја број еден. Меѓутоа, ваквите вести се губат во дневните извешати главно со негативни наслови, се жали делегираната на германското стопанство во Белград, Марен Диале-Шелшмит:

„За нас е интересно тоа што овдешните фирми по правило се задоволни од нивните зделки. Нашиот проблем е да се заинтересираат луѓето за пазарот, зашто во Германија се преплавени од негативните наслови и не гледаат перспективи. Оној што ќе дојде овде да погледа, оној што ќе води вистински преговори, по правило е позитивно изненаден„.

Многуте позитивности што ги имаше Србија кај инвеститорите и порано, и во годините на политичка и економска стагнација, успешно се задржани, вели Диале:

„Србија има и предност на добро образувана работна сила со поволни трошоци. Сега доживуваме фирмите во Романија, но истовремено и во Србија, да гледаат добар потенцијал. Работната сила и техниката овде традиционално се напред, освен што во последните 15 години не се случи многу ново, што пак и носи предност на Романија. Меѓутоа, долгата историја на добра економија во Југославија и натаму живее„.

Кога би било во прашање само стопанството, тогаш Србија не би имала лоши претпоставки за брзо приклучување во Европската унија. Но, затоа политиката е сопирачката. Марен Диале се надева дека нема вечно така да остане:

„Според мене, извонредно е важно за Србија повторно да започнат преговорите, помалку околу директното членство, туку за патот натаму, за патот кон Европа. Се надеваме дека преговорите некогаш повторно ќе започнат. Лично мислам дека би бил добар потег да се упати сигнал до Србија„.

Можеби новата влада во Белград, по изборите, ќе биде подготвена да ги исполни условите на Европската унија.