1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На изворите на „Офшор - ликс“

Ж. Ацеска/Мартин Ганслмаер/ард/ндр/дпа/ртре6 април 2013

Истражувањата на „Офшор - ликс“, Меѓународен конзорциум за истражувачко новинарство, базираат на податоци собрани од група новинари од 46 држави, со имиња на 130 илјади луѓе од 170 земји со сметки во даночните оази.

https://p.dw.com/p/18Av3
Фотографија: Fotolia/Trueffelpix

Оној кој овие денови се обидува телефонски да го добие „Internationales Konsortium of Investigative Journalists", тешко дека ќе успее. Зашто, неколку пати имаше проблем со телефонските линии поради преоптовареност. Може да се случи и слушалката да не биде крената - петте соработници на малата организација се‘ уште се задлабочени во „офшор“ податоците.

Вилијам Бузенберг од бирото во Вашингтон објаснува:

„Телефоните ѕвонат без прекин, а нашата интернет-страница веќе двапати падна, толку повици и кликови никогаш досега сме немале“.

Бузенберг е еден вид татко - собирен центар за истражувачките новинари. Тој ги прибра во дел од сопствените простории на „Центарот за јавен бунт“ истражувачките податоци на темата даночни оази. И самиот радио-новинар, Бузенберг е директор на независната некомерцијална организација, која го поддржува истражувачкото новинарство.

Тој го донесол новинарот Џерард Рајл во Вашингтон со офшор податоците, најголемиот „залак“ во 15-годишната историја на организацијата во Вашингтон. „Во иднина сигурно ќе добиеме уште повеќе информации. Сега веќе сме познати“.

Cayman-Inseln Strand
Една од „даночните оази“ - Кајманските островиФотографија: dapd

Рајл создал контакти со 86 истражувачки новинари од 46 држави, досега „најголемата меѓународна новинарска соработка во историјата“ околу еден глобален проблем.

Организацијата во Вашингтон сега добива постојано понуди и нови стории од различни медиуми, па морала да ангажира и една ПР-фирма за да може да се справи со сите нив.

Не се јавуваат само новинарите и заинтересираните граѓани. Кај нив се обрати и американската даночна служба пројавувајќи интерес за офшор-податоците. Бузенберг одбил, зашто како то вели „ние сме новинарска организација, а не продолжена рака на правосдуството“. А патем, не се ниту Викиликс - за него не доаѓа во предвид непроверено ставање на податоците на интернет: „Ние сме новинари. Пред да ги објавиме имињата на луѓето, ќе ги замолиме засегнатите за нивен став. Прво ги проверуваме сите факти и работиме многу претпазливо“.

Никакво чудо што петтемина соработници уште долго ќе се занимаваат со даночните оази. Материјалот информации беше 160 пати пообемен отколку објавените Викиликс-акти за американската владина кореспонденција.

„Уште долго нема да бидеме готови, ги проверуваме податоците. Оваа работа ќе трае до крајот на годината“, вели Бузенберг.

Организацијата ICIJ успеа да дојде до над 2,5 милиони пораки од електронска пошта и информации за 122 илјади оф-шор компании и околу 12 илјади посредници – интерни меморандуми, копии од пасоши, сметководствени податоци и други официјални документи. Станува збор за „најголемото количество ‘инсајдерски’ информации за офшор компании коешто воопшто некогаш стигнало до медиуми.

Истражувачките новинари стекнаа увид во имињата на лицата кои се познати со офшор компаниите во т.н. даночни раеви. Информациите, во најголемиот дел, се однесуваат на британските Девствени острови. Во нив се наоѓаат „илјадници личности“ со интереси во даночните раеви, кои доаѓаат од разни општествени слоеви и активности, од американски стоматолози, преку трговци со оружје, до милијардери и политички моќници. Се вели дека во податоците за луѓе со офшор компании во даночните оази има и имиња на лица од Балканот, меѓу кои и од Македонија.