1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На крајот од годинава Македонија ќе стане кандидат за членство во ЕУ ?

2 февруари 2005

Со вакви надежи во Брисел на 14 февруари патува високата македонска делегација , која на претставниците на Европската Комисија треба да им ги предаде одговорите на прашалниците од кои зависи дали Комисијата ќе препорача кандидатски статус за Македонија. Делегацијата ќе ја предводи премиерот Владо Бучковски а во неа ќе биде и вицепремиерката задолжена токму за евроинтеграциите Радмила Шекеринска. Во инте

https://p.dw.com/p/AcHf

рвју за ДВ, Шекеринска , зборува за сработеното , тешкотиите но и очекувањата на Македонија по враќањето на одговорениот прашалник назад во Брисел. Интервјуто го водеше Невена Ангеловска.

14000 страници одговори на европрашалникот за првпат и на систематизиран начин даваат слика за состојбите во Македонија. Каква е сликата што ја добивме, очекувана или има изненадувања?

Мислам дека ја добивме сликата којашто и ја очекувавме, но помалку расфрлана и поделена на многу парчиња. И заклучокот којшто се наметнуваше и во текот на одговарањето на прашањата беше дека голем дел од нашите маки и проблеми се должат на фактот што не сме ги собирале сите тие парчиња и претходно на едно место за подобро да си ги дијагностицираме проблемите и за полесно да си ги наоѓаме решенијата. Се разбира дека сликата говори и за проблемите на Македонија, но се надевам дека сликата добро ќе говори и за оние достигнувања коишто Македонија ги има направено во овие петнаесет години и особено достигнувањата коишто се однесуваат на задоволување на условите од Копенхаген за членство во Европската Унија. Во принцип во секое поглавје видливи се и позитивни податоци, видливи се и проблеми. Она што беше значајно е во секое поглавие да кажеме какви ни се плановите. Значи да не се задржиме исклучиво на дијагностицирање на лошите состојби туку веднаш да си наметнуваме темпо како ќе работиме во следните месеци и години. Всушност одговорите на прашалникот од една страна се добра дијагноза за сите што во моментов ја анализираат состојбата во Македонија, но од друга одговорите на прашалникот се исто така и огромна обврска бидејќи со нив Македонија најави и што ќе прави. И тие најави ќе ни ги сметаат за дадени ветувања и обврски коишто сме ги презеле.

Сега од кога ќе ги предадете одговорите на прашалникот во Брисел, каков дијалог очекувате? Очекувате ли многу потпрашања?

Мислам дека не треба да се обременуваме со бројот, треба да се обременуваме со темите. Прво, треба да бидеме подготвени за кои теми ќе имаме политички и технички дијалог и второ на тие средби да доаѓаме добро подготвени. А по тие средби да го реализираме тоа што сме се договориле. Затоа што всушност целата логика на дијалогот не е да се појаснат работите и одговорите коишто билее дадени на нивните прашања, туку да се подобри ситуацијата виза ви одредено прашање и одредена тема. Тоа значи дека во текот на тој дијалог ние ќе можеме да формулираме некои нови обврски. Дали некој закон да се донесе по забрзана постапка, дали да се оди на некои промени на институциите во Македонија, дали од буџетот да се обезбедат средства за еден или за друг приоритет итн. И тоа всушност ќе треба да го одработиме. Дијалогот сам по себе ќе трае два часа или два дена меѓутоа битно е до добивањето на мислењето тие некои ситни или крупни проблеми кои можат да му штетат на мислењето на Комисијата да ги искорегираме.

Кога го очекувате одговорот од комисијата и имате ли индикации каков

ќе биде?

Ние не сакавме на почетокот кога ја најавивме апликацијата за членство во ЕУ , не сакавме да влеземе со преоптимистички најави и не сакавме јавност ада не доживее како нереални ветувачи. Токму поради тоа одевме со многу воздржани најави и кажавме дека доколку ги почитуваме и разгледуваме сите досегашни искуства дека некаде во текот на 2006 година би требало да се одлучи околу нашиот статус. Меѓутоа земајќи предвид што се се случуваше во Македонија и начинот на кој ги совладуваше кризите низ коишто помина, начинот на којшто се подготвуваме за прашалникот, начинот на којшто сконцентрирано овие четири месеци сите работат на одговорите на прашалникот и фактот дека можевме и на време сите овие оедговори, практично и пред време за Комисијата, да ги поднесеме мислам дека предизвика позитивно влијание во Комисијата и мислам дека токму поради тоа поради овие позитивни вести од Македонија, еврокомесарот за проширување господинот Оли Рен излезе со изјава дека Комисијата наспроти очекувањата или попозитивно од очекувањата планира да подготви мислење некаде во периодот септември или лжоктомври, по што Советот на ЕУ ќе може ова прашање да го разгледува до крајот на годината. Тоа значи забрзување на динамиката којашто беше претходно најавувана и тоа не е случајно. Мислам не се работу тука за техничка работа туку се работи за политичка порака. И мислам дека како граѓани на Република Македонија,како држава, треба да бидеме задоволни и да ја искористиме оваа шанса.

Каква помош очекувате од Унијата за реализација на веќе започнатите реформи?

Во оваа година ќе ја добиеме помошта за којашто уште претходно сме преговарале. Значи тоа ќе бидат КАРДС програмите досегашни и оние за 2005-2006 година. Тие средства и таа помош се насочени кон реформи во судтсво, реформи во полицијата, особено во делот на интегрирано гранично управување како и во делот на економија, социјала и слично. Меѓутоа она што е битно е Македонија од 2006 година па натака, со добивањето на статус на земја кандидат се префрла на новиот колосек. Како земја кандидат ние ќе користиме таканаречени претпристапни фондови кои по сума се неколкукратно поголеми од сегашната помош, и второ како структура одговараат токму на реформите кои Македонија мора да ги направи за да стане членка на ЕУ, што значи се помага на реалната економија, се помага на земјоделието, особено се помага на локалните заедници и локалните проблеми и се дава голема помош на иснтитуциите за да тие се прилагодат. Средствата велам ќе бидат поголеми, но и притисокот ќе биде поголем и сметам дека барем во Македонија тој тип на притисок секогаш функционирал и дека ќе биде позитивен и кај нас. За да ние можеме да ги користиме тие средства на соодветен и ефикасен начин, однапред треба да се подговиме. И затоа од Комисијата побаравме помош

како во рамките на администрацијата да создадеме тело кое ќе биде исклучиво задолжено за користење на европските средтсва. Тие средства доаѓаат заедно со многу тешки регулативи. Ако не знаете да ги читате и да ги следите регулативите и да бидете ефикасни можат да ви дадат милијарда долари и на крај ништо нема од нив да искористите. Значи многу е битно тој момент да го дочекаме подготвени. Не треба прво да станеме кандидат па дури потоа да ни текне дека сме требале да се подготвуваме за оваа ситуација.

Имаме ли капацитет да ги оствариме реформите и да ја реализираме помошта?

Во моментов немаме. Во моментов и доколку Македонија би ги добила и КАРДС средствата, одеднаш преку ноќ, сама да ги менаџира таа не би можела тоа да го направи. И ниту една држава во светот не може тоа да го прави. Не можете наеднаш преку ноќ да создадете капаците да трошите четириесет милиони евра по транспарентни процедудир во рок од една година. Токму поради тоа институциите од овој тип особено не се создаваат туку се градат. И затоа сметавме дека оваа подготовка треба да почне уште порано. Македонија до сега не имплементираше дури ни КАРДС помошта, тоа го правеше Европската Агенција за Реконструкција и затоа многу од институциите во Македонија беа и релаксирани и не научија како всушност може таа помош и да се користи. Сега ќе треба помалку и од нула на некои места да создаваме компетентни институции. Меѓутоа што порано почнеме толку и побрзо ќе дојдат резултатите.

Искуствата на останатите земји покажуваат дека кога една земја сака да стане членка на Унијата потребно е лобирање. Од кои земји Македонија може да очекува таква помош?

Се разбира дека Македонија има поблиски односи со некои држави членки на ЕУ кои се или географски или економски или политички поприсутни, поврзани за нашата држава. Но, во принцип, годинава пред добивањето на статусот на кандидат за членство, кога Македонија по малку треба да го направи и менталниот пробив за влез во европските структури мислам дека треба да ги покриеме по правило сите 25 држави земји членки, бидејќи секоја земја е еден глас и секоја држава мора да се согласи за добивањето на статус на кандидат за да имаме зелено светло од страна на ЕУ. Се разнира дека кај некои тоа ќе оди поедноставно заради минатиот труд, а кај некои ќе треба допрва да се претставиме, но акцентот сепак ќе го ставиме кај наквлијателните држави. И генерално, не само политичарите, туку ќе треба Македонија, нејзината јавност, сите нејзини претставници на различни нивоа оваа година да го повторуваат слоганот Оваа година очекуваме статус на земја кандидат на ЕУ и да ги кажуваат елементите кои зборуваат во прилог на нашата апликација. Јавноста во Европа ер влијателен фактор, на јавноста и се влиаје на различни начини, преку култура спорт, уметност,преку добар бизнис со некоја од земјите членки, преку наши успешни имиња коишто се пласираат таму практично на секое ниво.

Очекувате ли проблеми од Грција во процесот на евроинтеграција. Веќе имаше најави дека Атина може да го кочи процесот?

Јас сакам да верувам дека земјитре членјки на ЕУ вклучително и Грција, носат и ќе носат рационални одлуки. Рациото вели дека република Грција е можеби најзаинтересирана земја членка на Унијата за политичка стабилност и економски и општествен просперитет на Македонија.Многу е подобро за Р. Грција на својата граница да има стабилна просперитетна држава, држава во којашто грчките фирми веќе инвестираат и ќе продолжат да инвестираат. Така што рациоанланат аодлука вели дека добивањето на статус кандидат за Македонија, всушност ќе значи плус и за Р. Грција и за нејзините интереси. Земете предвид дека оваа година ќе започнат дискусиите околу статусот на Косово. Грција не е само една земја членка од ЕУ којашто е заинтересирана со право за ова прашање. Таа е и најблиската земја членка до Косово. И многу ќе биде значајно дали во решавањето на ова многу чуствително политичко прашање ќе имаме и регионални реперкусии или ќе ги избегнеме. Она што ние го велиме е дека вистинската гаранција, не само за стабилноста во Македонија туку и за позитивниот развој на настаните околу Косово, ќе биде зелено светло на нашата апликација во ЕУ, а потоа во 2006 и поканата за НАТО. На Балканот многу долго време зависевме од најлошите. Долго време лошите примери, лошите држави и лошите случувања влијаеа на другите. Сметаме дека е вистински момент добрите примери да се промовираат и да имаат влијание на своите соседи. Позитивен одговор на македонската апликација ќе значи добра вест и за Белград, и за Приштина и за Тирана и мислам дека ќе ги поттикне демократските и реформски настроени кругови кај сите наши соседи. И токму поради тоа сметаме дека нашата апликација има дополнителна вредност за Унијата, па и за Грција.