1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Марс бил можен живот

ЕМФ/дв13 март 2013

„Откривме подрачје кое некогаш било погодно за живот“, соопшти НАСА, која го слави најголемиот успех на роботот на Марс „Кјуриозити“.

https://p.dw.com/p/17vvX
Фотографија: picture alliance/dpa/NASA

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека на Црвената планета некогаш бил можен микробиолошки живот. Со тоа првпат е докажана потенцијална околина за живеење надвор од Земјата. Истражувачкиот робот „Кјуриозити“ пронашол живот во карпест материјал. Интегрираната лабораторија на роботот докажала постоење кислород, јаглерод диоксид и водород, како и азот, фосфор и сулфур.

Научникот во НАСА Мајкл Мајер изјави дека некогаш карпите биле опколени од вода која имала релативно неутрална pH-вредност. На местото кадешто роботот ги продупчил карпите во минатото можеби имало река или езеро.  „Водата на ова место веројатно била толку чиста што кога би биле таму веројатно би можеле да ја пиеме“, дополни менаџерот на НАСА, Џон Гроцингер.

Mars Leben Curiosity
„Кјуриозити“ стигна на Марс по осум месеци патување низ вселенатаФотографија: picture alliance/AP Photo/NASA

Сепак, се‘ уште е целосно нејасно дали на Марс навистина имало микроскопски мали живи суштества и ако да, кога тие живееле на планетата. Резултатите добиени од роботот сега треба да бидат поткрепени со нови истражувања. „Кјуриозити“ минатиот август пристигна на Марс по осум месеци патување во вселената. Мисијата која чини 2,5 милијарди долари е ограничена на времетраење од две години.