1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На пат околу светот со 14 филмови

9 декември 2010

Уште еден филмски фестивал во Берлин, но не каков бил! Младиот фестивал во германската метропола е еден вид на "best of", мешавина од победници од разни светски фестивали, кои не може да се видат во комерцијалните кина.

https://p.dw.com/p/QStX
Логото на фестивалот во Берлин

"Со 14 филмови околу светот". Името на новиот берлински фестивал укажува на неговата амбициозна цел. Неговиот основач е амбициозниот колекционер Бернард Карл, кој годишно посетува и до десет филмски фестивали ширум светот и со своите патувања ги носи и неговите омилени филмови, од вкупно 500-тини кои ги има изгледано. Барајки нови работни предизвици, дипломираниот театарси режисер го зацврсти својот филмски фестивал.

„Имагинарното патување околу светот, е мојот живот. Јас доаѓам од едно мало село во Баварија, и за мене веќе беше мал патот околу светот, да отидам во сите тие други места во кои не сум бил, а кои ми се интересни, тоа го сакав цел живот. Тоа е еден аспект. Другиот е дека секогаш сум доаѓал на фестивалите во Кан и Венеција и таму видов многу филмови кои никогаш после не дојдоа во германските кина“, ги објаснува Карл своите мотиви.

Bernard Karl
Бернард Карл, основач на фестивалотФотографија: Christian Riss

Тие филмови тој со години ги собираше и ги сортираше по региони, и на тој начин ја создаде својата имагинарна мапа на светот. Таа мапа на светот овој синеаст не сака да ја сокрие од германската кино - публика. Тој ги повикува на својот фестивал во Берлин сите оние филмови кои таму сеуште не можеле да се видат, а кои на него му оставиле силен впечаток кога ги гледал на други фестивали. Бернард Карл сака да им даде можност на германските гледачи да видат нешто ново, нешто различно, можеби дури и иритирачко, напорно, но секако и изненадувачко и иновативно.

"Буена виста" од Конго и три часа со Чаушеску


Добар пример за тоа е документарецот "Бендот Билили". Тој носи приказна за бездомници во инвалидски колички и деца кои живеат на улица во Киншаса. Неговите протагонисти не симболизираат, како во клише-сликите од Африка, сиромаштија, беда и очај, туку многу позитивна животна енергија. Тие се музичари кои филмот ги следи до нивното искачување на сцената на големите open-air фестивали во Европа, па нивниот успех често се споредува со оние кубански музичари од "Буена Виста Соушл Клаб“ (Buena Vista Social Club).

„Луѓето во Конго на европската телевизија гледаат само извештаи за бедата и катастрофите во Африка, и во нив не се препознаваат. Тие се многу горди на својата музика и своите музичари, и тоа е клучот на овој филм“, објаснува режисерот Флоран де ла Тулај.

„Бендот Билили оваа година отвори една споредна страна на програмата на фестивалот во Кан и таму беше поздравен со овации. Сега може да се види на фестивалот "Со 14 филмови околу светот". За режисерот тоа воопшто не е помала чест од повикот во Кан. Предноста е тоа што на ваков помал фестивал филмовите и се значително подостапни на кино публиката, објаснува Тулај.

Film Benda Bilili von Renaud und Florent de la Tullaye Barret FLASH Galerie
Сцена од филмот „Бендот Билили“Фотографија: Festival

Останатите филмови на програмата оваа година се документарецот за животот на романскиот диктатор Чаушеску или колаж од анимација и документарен филм "Зелениот бран" за т.н. зелена револуција во Иран 2009.

Деветдневниот фестивал завршува со прогласување на добитниците на наградите кои ги доделува институтот за односи со странство, партнер на фестивалот. Оваа година берлинската кино публика може по петти пат благодарение на овој мал независен филмски фестивал да го обиколи светот.

Автор: Надине Војчик/ Владимир Калински

Редактор: Симе Недевски