1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На повидок договор за иранската атомска програма?

С.Недевски/бг/адпа/афп/ртр23 ноември 2013

Во преговорите за спорната иранска атомска програма во Женева, според оценката на германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле има шанса за постигнување договор, но мора да се премостат уште многу разлики.

https://p.dw.com/p/1AMtK
Фотографија: FABRICE COFFRINI/AFP/Getty Images

Има сѐ повеќе назнаки дека во Женева, каде што се водат разговорите за иранската атомска програма, наскоро би можело да се постигне договор.

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Хонг Леи утрината ( 23.11.) изјави за агенцијата Синхуа дека разговорите влегле во „финална фаза“. Претходно иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Шариф изјави: „Сѐ уште постојат разлики. Меѓутоа, две точки од дневниот ред успешно ги завршивме и направивме чекор напред.“ Неговиот заменик Абас Арагачи исто така кажа дека е постигнат напредок кој, по се' судејќи, ќе доведе до постигнување на договорот.
Вчера изгледаше дека преговорите повторно ќе пропаднат. Меѓутоа со доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дојде до ненадеен пресврт. Тој по пристигнувањето во Женева најпрво се сретна со иранскиот колега Шариф.

Guido Westerwelle Genf Schweiz Iran Verhandlung Nuklear Atom
Германскиот министер за надворешни работи Гидо ВестервелеФотографија: Reuters

„Реалистична шанса“

Во меѓувреме во Женева пристигнаа или пристигнуваат останатите министри за надворешни работи на земјите од т.н група 5+1 која ја сочинуваат петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, Русија, САД, Кина, Велика Британија и Франција плус Германија.

Вршителот на должноста германски министер за надворешни работи Гидо Вестервеле по пристигнувањето во Женева изјави: „Постои реалистична шанса за постигнување договор, но има уште многу работа пред нас“.

Американскиот министер за надворешни работи Џон Кери кој истотака утрината пристигна во швајцарскиот град веднаш започна разговори со неговите колеги по функција од земјите постојани членки на Советот за безбедност. Откако имаше куса средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон, Кери се сретна со францускиот министер Лорен Фабиус, а потоа следуваше средба со шефот на руската дипломатија Лавров.

e
Американскиот министер за надворешни работи Џон КериФотографија: picture-alliance/dpa

Доколку навистина биде постигнат напредок во разговорите, ќе следи потпишување на договорот. Иако сѐ уште ниту една страна не соопшти детали, од дипломатски кругови се наведува дека станува збор за т.н. „шестмесечно преодно решение“.

Иран: „Сакаат многу, а нудат малку“

Во тој случај Иран ќе се откаже од некои делови од својата атомска програма вклучувајќи и намалување на збогатувањето на ураниумот на 20 проценти, како и изградба на нуклеарен реактор. За возврат би требало да бидат ублажени економските санкции.
Од иранската делегација се наведува дека „другата страна сака многу, а нуди малку“. Техеран инсистира на право да има атомска програма која ќе ја користи за цивилни цели. Многу земји мислат оти Иран со тоа тежи кон развој на атомско оружје. Иран таквите обвинувања категорички ги отфрла.