На првата средба со генералите Ѓул без сопругата
31 август 2007Двојката Ѓул – Ердоан веќе почна да функционира во Турција. Во првиот документ, што го потпиша како претседател, Абдула Ѓул го одобри списокот на новата Влада на премиерот Ердоан, во која освен премиерот се наоѓаат уште 24 министри. Паѓа во очи дека во новиот кабинет на Ердоан има само осум нови имиња, и дека сите поважни министерства останаа исти како и во претходната Влада, што е јасна најава дека старо – новиот премиер не планира радикални промени.
Критчарите на новиот претседател сметаат пак дека тој нема да може сосема лесно да се откаже од своето исламистичко минато и дека заедно со Ердоан нема да ја пропушти евентуалната шанса да го приспособи турскиот секуларен устав на принципите на нивната прокламирана конзервативна демократија. Нема никаков сомневање дека натамошниот тек на настаните ќе се одвива под будно око на генералите на турската армија. Прашина дигна и сопругата на турскиот претседал, поради тоа што носи шамија. На првите официјални средби со генералите Абдула Ѓул се појави без сопругата.