1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На прошетка низ прекрасниот Берн

Рајхард Бем / Бисера Огњановска Митров30 мај 2012

Берн е главен град на Швајцарија и има околу 100.000 жители. Особено атрактивен за туристите е стариот средновековен дел од градот. Еден дел од него е под заштита на УНЕСКО од 1983 година.

https://p.dw.com/p/13BZS
Blick am 05.08.2007 auf den Bundesplatz in Bern, der sich vor dem Bundeshaus - dem Sitz der Schweizer Regierung - befindet. Der Springbrunnen wird im Sommer gern als Freiluftbad genutzt. Bern ist eine der vier Städte in der Schweiz für die Fußball-EM 2008. Foto: Thomas Eisenhuth +++(c) dpa - Report+++
Националниот плоштад во градот БернФотографија: picture alliance/dpa

Според една легенда војводата Бертолд V од Церинген барал име за нов град, што бил основан кон крајот на 12 век. Кога еден ден отишол во лов си ветил дека на новиот град ќе му го даде името на првото големо животно што ќе го улови. Животното што го уловил била мечка, односно „бер“ на германски, па така градот бил наречен Берн....Дали оваа легенда е точна, никој не знае. Но, едно е сигурно, на грбот на градот е мечка. Освен тоа, во градот веќе 500 години се чуваат овие животни. На периферија од градот се наоѓа најголемиот центар Кле, во кој се изложени околу 4.000 уметнички дела на сликарот Паул Кле. Како иновативна модерна градба се смета и новиот шопинг-центар „Вестсајд“ проектиран од американскиот архитект Даниел Либескинд.

Мечката-заштитен знак на Берн

Во паркот покрај реката Аре посетителите чекаат на големите ѕвезди: жителите на новиот мечкин парк. Мечките се чуваат во Берн од една особена причина, раскажува чуварот на паркот Валтер Босхард: „Мечките се заштитен знак на нашиот грб и имаат 500 годишна тардиција. Ние овде во паркот имаме четири мечки, две возрасни, татко и мајка и две млади мечиња.“

Bärenpark in Bern Eröffnung Gelände Bär Flash-Galerie
Меќките во градот имаат 500 годишна традицијаФотографија: Michael Schneeberger

Туристите не можат да им се изнагледаат на двете млади мечиња Берна и Урс. Особено интересни се кога изведуваат акробатски точки. Но, најстарата атракција и најмаркантен знак на препознавање на градот е часовникот-канбанарија. Овој часовник веќе со векови работи со особена прецизност. Многу често пред камбанаријата чекаат туристи за да го слушнат ѕвонењето на канбаната која го означува точното време.

Берн е многу добро уреден и прегледен град

Место за туристи без бучава. Имено, стариот дел од градот е комплетно забранет за автомобили. Овде не се исплатува да се шета низ градот со возило, бидејќи со трамвај можете да стигнете многу побрзо до саканато место. Некаде на крајот од стариот дел се наоѓа зградата на швајцарскиот парламент. На плоштадот пред зградата има 26 фонтани, што ги означува 26-те кантони во земјата. Градот постојано нуди туристички обиколку низ парламентот. Зградата била завршена на почетокот на 20-иот век, а изградена била со материјал од сите швајцарски региони.

Доколку времето е убаво, Берн има така да речеме јужен флер со многу можности да се ужива на отворено. Особен акцент на градот му даваат историските бунари што ги има низ целиот стар дел на градот. 11-те најдобри се накитени со весели фигури. Бунарите најчесто се наоѓаат среде улица или, пак, на некој убав плоштад. Терезе Гинтер е туристички водич во градот. Таа многу знае за старите бунари и нивното значење. „Сите бунари потекнуваат од средината на 16 век и биле главниот извор на вода за луѓето во градот до 19 век. На врвот од т.н. бунар на свирачот се наоѓа прекрасна статуа на градските или улични свирачи. Тие ги забавувале граѓаните.

Bärenpark in Bern Eröffnung Gelände
Мечкиниот парк покрај реката АреФотографија: Michael Schneeberger

Шетање и уживање, но помалку и во шопинг...

Стариот дел од градот меѓутоа не е само за гледање и воодушевување, туку тој кани и на шопинг во 6 километри долгиот центар „Лаубен“. Во средниот век влезовите на подрумите биле направени од кај страната на улиците. Денес тие често се користат како продавници.

Стариот дел на Берн е заштитен како историски споменик. Оној кој сака да види модерна архитектура треба да отиде на периферија на градот, односно на самиот влез од градот. Тука се наоѓаат сите зданија од стакло и железо. Центарот Кле со повеќе од 4.000 експонати на уметникот важи за најголем во светот. Имено, сликарот Паул Кле речиси повеќе од половината од својот живот го поминал во Берн. Тој е еден од најзначајните уметници на 20 век. Модерниот шопинг центар „Вестсајд“, пак, е еден вид контра центар од „Лаубен“ во стариот дел на градот. За љубителите на модерната архитектура оваа зграда на американскиот архитект Даниел Либескинд важи за нов знак на препознавање на швајцарскиот главен град.