1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Про-вино саемот во Диселдорф Бугарија и Романија со офанзивен настап

G.Birkenstock21 март 2007

Виното секако е плод од земјоделското призводство, меѓутоа има висока симболична вредност: ниту еден прозивод не носи толкав престиж за идентитеот на една земја. Новите членки на Европската унија Бугарија и Романија на овој план досега беа познати само како испорачувачи за долните регали во супер маркетите. На годинашниот саем Про-вино во Диследорф, најзначајниот во Германија, обете земји имаат намера да

https://p.dw.com/p/AeJ1
„Зелено вино„ на саемот во Диселдорф
„Зелено вино„ на саемот во ДиселдорфФотографија: dpa

го поправат ефтиниот имиџ.

Површнината лозови насади во Бугарија со околу 110 илјади хектари е нешто поголема од онаа во Германија. Бугарските вина пак, уште од 50-сеттите години се извезуваат на овдешниот пазар, меѓутоа на скалата по квалитет се наоѓаа во долниот дел. Од политичките промени во 80-десттите години, се појавија и приватни инвеститори од дома и надвор што го користат извонредниот потенцијал во оваа бранша. Сегашните тренд-сорти „Каберне савињон„ и „Мерло„ што во меѓувреме се насадуваат во целиот свет по примерот на Бордо, во Бугарија со години даваат добар или многу добар квалитет. Нова мала гарда винари и натаму продолжи да се грижи за старите бугарски сорти како „Мелник„ или „Мистек„. Се’ заедно, проекти за иднината. Херман Рекнагел е продавач и специјалист за вино. Во Бугарија советува фирми по налог на германското Друштво за техничка соработка:

„Кога станува збор за црвените вина, во Бугарија можат да се најдат стари и млади сорти до кои е дојдено преку странски инвеститори, што му припаѓаат на светскиот врв. Тоа значи, поените се движат меѓу 80 и 90, што пак озбебедува постигнување цени за почит и во меѓународна конкуренција. 10, 15 или 20 евра за црвено вино од Бугарија – одлична цена„.

Ако се зборува за традицијата и многустраноста, Романија важи за „Франција на истокот„. Со векови таму се одвива регионална специјализација во одгледувањето винови лози. Социјалистичкиот систем насочен кон еднаквост и квантитет, донекаде го симна нивото, но го задржа богатиот потенцијал кој денес се простира на 250 илјади хектари. Од тие причини, Романија во однос на модерниот развој може да се посматра како источно-европско Чиле. Патем, и покрај намалените бројки, Германија и натаму е главниот увозник од Романија. Винфрид Зенкер, економски советник во Романија исто така се наоѓа таму по налог на ГеТеЦет:

„Со децении виното од Романија во Германија се носеше со цистерни, а потоа се продаваше под познатите имиња како „Женско грозје„ или „Сончев рид„. Воопшто немаше извоз во шишиња. Новите вина што можат да се најдат и на саемот, во моментов е тешко да се продадат во Германија, зашто за нив нема увозници. Меѓутоа, при една проверка на вкусот пред три-четири години, романските ’Кабернеа’ покажаа квалитет како француските„.

Производството на вино во Романија се уште е во рацете на државата, но во полн замав е приватизацијата. Меѓу германските инвеститори таму, се наоѓаата познатите како „Карл Ре„ и „Хенкел-Зенлајн„. Сепак, за промена на имиџот пред се придонесуваат винари како баронот Јакоб Крип. Тој се ожени за Романка од благородничката лоза Стирбеј. Коцката беше фрлена за време на свадбеното патување што ја определи и нивната идна професија:

„Бидејќи сум правник, решивме за семејството од страна на сопругата да започнеме постапка за враќање на нивната недвижнина. Меѓу другото и вински лози што ги добивме назад во 2001. Така јас од правник и банкар станав винар„.

20-те хектари винова лоза Јакоб Крип ги работи заедно со еден германски мајстор и со многу домашна работна сила. Виното „Принц Стирбеј„ се произведува на најмодерно ниво и за кусо време се етаблираше на романскиот пазар:

„Тоа вистина беше пионерска работа. Се поставив како доселениците на дивиот Запад пред 200 години. Секогаш си велев – одиме на дивиот Исток. Моравме да почнеме од нула. Потоа ни помогна и позитивниот економски развој во земјата. Од почетокот се определивме за врвен квалитет со продажна цена од 7 до 13 евра. Ако се знае дека просечната плата во Романија е меѓу 250 и 300 евра, тогаш тоа би можело да се спореди со цени кај нас од 50 до 100 евра. Но, ние најдовме муштерии„.

Дали винарска Романија во иднина ќе се пробие и на меѓународен план, нема да влијае само квалитетот, зашто виното бргу станува бизнис за глобални играчи. Источно-европските вина не само што треба да постигнат подобар имиџ, туку да се одржат и во растечката конкуренција од Јужна Америка и Азија.