1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На ред е исполнување на условите

Елена Петреска10 ноември 2005

Препораката од ЕК од Брисел за кандидатски статус на Македонија и отвора нови перспективи,но претстои напорна работа

https://p.dw.com/p/AcBP
Брисел очекува резултати
Брисел очекува резултатиФотографија: dpa - Bildarchiv

Препораката Македонија да стане земја кандидат за ЕУ,што вчера во Брисел ја соопшти еврокомесарот за проширување Оли Рен,не значи само напредок кон евроинтеграциите,туку и сигнал дека на земјата допрва и претстои долг и тежок пат,доколку сака да се избори за почеток на преговорите за членство.Сега е задача на политичките сили во земјата да ги зајакнат напорите и и докрај да ја спроведат европската агенда,се огласи прв високиот европретставник за надворешна политика Хавиер Солана.Тој во писменото соопштение нагласува дека е задоволен што ЕК и покрај ригорозниот пристап оценила дека напредокот што го постигнала Македонија е доволен за да се препорача за кандидатски статус.

И македонскиот амбасадор во Брисел задолжен за односите со ЕУ,Сашо Стефков,за Дојче Веле коментира дека позитивноот мислење на Македонија и отвора нови перспективи.

Граѓаните можеби нем ада почувствуваат драстични разлики,на пример не се споменува визно олеснување,но напредок се очекува на економски план:

„Тоа е јасен сигнал,тоа е сигналот кој означува дека таа земја се приближила и дека секако во догледен рок ќе биде членка на ЕУ.Сега веќе инвеститорите можат целосно да веруваат дека ние ќе станеме членка.Тој е елемент е многу битен и секако ќе влијае на интересот на потенцијалните инвеститори и другите заинтересирани за тргување.“

Македонија,тврди Стефков,сега ќе има поголем пристап до европските финансиски фондови,тука треба да игра мудро и да ги исполни сите услови што од неа се бараат.А вчера еврокомесарот Рен тоа јасно го соопшти:Земјата мора да се справи со слабостите во државната администрација,да покаже дека може да спроведе фер избори,да се избори со корупцијата и да ја имплементира европската легислатива.

Сепак,низата забелешки што Комисијата внимателно ги сумирала на 140 страници пишан материјал не го спречија Рен да ја нарече Македонија успешна европска приказна:

„Пред четири години,во 2001 година,Македонија беше на работ на цивилна војна.Денес,во 2005 година,таа сериозно чука на европските порти.Ги сумиравме позитивните и негативните аспекти и дојдовме до заклучок да препорачаме кандидатски статус на Македонија,но треба да се подвлече дека процесот на преговорите ќе биде отворен тогаш кога земјата ќе ги достигне критериумите за членство“,изјави Рен.