1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На рекордниот буџет му треба стопанство со добра кондиција

Костадин Делимитов19 ноември 2013

Реален ли е буџетот за догодина кој е проектиран на рекордни 2,87 милијарди евра? Владата е оптимист, опозицијата критикува, експертите сугерираат на внимателност.

https://p.dw.com/p/1AKYW
Фотографија: Fotolia/Fantasista

Растот на капиталните инвестиции, зголемувањето на странската побарувачка, домашната потрошувачка и вработеноста се клучните темели врз кои почива проекцијата на државната каса за догодина која е рекордно највисока. Владата во 2014 планира да потроши 2,87 милијарди евра,а да собере 2,57 милијарди евра. Дефицитот од три ипол отсто ќе се финансира во комбинација на странски и домашни извори. Експертите се претпазливи оптимисти и сугерираат на внимателност. Дилемата е дали стопанството ќе биде во подобра кондиција како што се очекува и ќе може да ги покрие повисоките проекции на приходната страна по овој основ. И на приходната и на расходната страна има зголемување за околу 7% во однос на буџетот од годинава:

Zoran Stavreski Vize Ministerpräsident Mazedonien
Министерот за финансии Зоран СтаврескиФотографија: MIA

Резервно сценарио

Универзитетскиот професор Зоран Ивановски за Дојче веле коментира декареализацијата на проекциите во буџетот зависи пред ѐе од економскиотамбиент и состојбите во земјите со кои главно соработуваме. Од интензитетот на приходната страна според него зависи и реализацијата на расходната страна:

„Никој нема кристална топка да предвиди точно колку економијата ќе расте и колку деловните субјекти ќе бидат способни и еластични да се прилагодат кон евентуално изменетите услови на работа. Самите капитални расходи ќе влијаат на заживување на домашната економија и ќе бидат полезни за растот и домашната побарувачка. Сепак се уште постои загриженост околу состојбите на одредени пазари и затоа ништо не може да биде сигурно. Генерално кога се прави буџет треба да има подготвено и таканаречено сценарио анализа што за жал кај нас ја нема. Анализа на сензитивност која не памтам дека некој ја направил, што наведува дека подготвувачите се сигурни дека проектираното и ќе се оствари. Но мислам дека е ред да се знае што ќе се прави во поинаков случај“, коментира Ивановски.

Капиталните инвестиции од 365 милиони евра според Владата се клучен фактор што се очекува да го повлече растот на БДП и да ги заживее другите сегменти, како што се приватниот сектор и странските инвестиции. Но во услови на форсирање на инвестициите главно во јавниот сектор, според поранешниот министер за финансии Никола Поповски не може да се очекуваат позначајни поместувања:

Protest Haushalt Debatte Skopje Mazedonien
Протести на опозицијата против минатогодишниот буџетФотографија: picture-alliance/dpa

Непродуктивни проекти

„Клучната економска концепција на оваа влада за жал е форсирање на јавниот сектор и целиот раст на економијата се базира на растот на јавниот сектор и тоа може да се илустрира. Сите вработувања се насочуваат практично во јавниот сектор, сите инвестиции се во јавниот сектор. Тоа е резултат на една даночна политика која се повеќе ги испумпува парите од приватниот сектор во вид на даноци, казни, такси, а ги насочува како инвестиции во јавниот сектор. Но да не заборавиме, инвестициите во јавниот сектор можат да ги помагаат инвестициите во приватниот сектор но не можат да ги заменат. Значи јавниот сектор може да има инфраструктурни инвестиции или за јавни потреби кои немаат економско значење, одбранбено, безбедносно, но тие не може да го компензираат растот и значењето на приватните инвестиции кои имаат производство, извоз, вработување, кои за жал стагнираат. Во една таква концепција и догодина владата го потпира својот проектиран раст исклучиво на јавниот сектор, на вработувањата во јавниот сектор па дури и на инвестициите. И ако погледнеме како расте македонската економија, таа ползи со стапки помеѓу нула и еден отсто и имаме градежен сектор што расте триесет и нешто проценти кој ја подига вкупната економија на околу два, три процента економски раст. Градежниот сектор се должи над 90% на инвестициите во јавниот сектор, во добар дел во непродуктивни проекти, разни објекти за државната адиминистрација и слично. Оттука и наредната година не може да се очекува поголем раст, тој ќе ползи помеѓу два, три процента и нема да има некоја поголема перспектива од тој агол“, смета Поповски.

Nikola Popovski
Никола ПоповскиФотографија: DW

Со буџетот за 2014 година се предвидува раст на БДП за 3,2 отсто, а инфлацијата се очекува да се движи околу 3,3 отсто. Од март 2014 година се планира зголемување на пензиите и социјалната помош за пет отсто, а за ист процент ќе се покачат и платите во државниот сектор од октомври истата година. Ќе се зголемат и субвенциите на земјоделците на вкупно 140 милиони евра. Опозицијата која предупреди дека буџетот е непродуктивен и нереален поднесе 684 амандмани за кои жестоко се дебатира во матичната собраниска комисија за финансирање и буџет.