1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

060112 Ungarn IWF

6 јануари 2012

На Унгарија итно и‘ е потребна финансиска помош. ЕУ и ММФ поддршката ја условуваат со промена на спорниот закон за Централната банка, што ја ограничува нејзината независност. Досега унгарската влада тоа го одбиваше.

https://p.dw.com/p/13fDP
Вредноста на унгарската форинта во слободен падФотографија: picture-alliance/dpa

Прес-конференцијата беше свикана набрзина. Унгарската влада сега покажува изненадувачка пресретливост. Досега, таа одбиваше секакви преговори за новиот закон за Централната банка. Но, во тешката финансиска положба, сега владата прави отстапки кон ЕУ и ММФ.

„Сметаме дека е важно брзо постигнување договор со ММФ и со ЕУ. Ние се залагаме за тоа и сме подготвени да влеземе во преговори без предуслови. Ќе разговараме за се‘“, изјави Тамаш Фелеги, унгарски министер за национален развој.

Притисокот врз Унгарија вчера беше значително засилен: утрото едно евро вредеше 314 форинти, попладнето повеќе од 324 форинти.

„Тоа е загуба од речиси четири проценти. Форинтата одамна не стоела толку лошо“, вели Муханад Ал Хафез, сопственик на менувачница.

Менувачкиот курс се заканува да ја турне во банкрот не само државата, туку и многумина Унгарци: кредитите во земјата најчесто се даваат во странска валута, како евро или швајцарски франк, но се отплаќаат во форинти.

Автор: Данијел Висевиќ/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска