На Хималаите загинаа најмалку деветмина планинари
23 септември 2012Меѓу деветтемина загинати има и водич од Непал. Останатите лица кои го загубија животот во лавината на планинскиот врв Манаслу, кој е осми по височина во светот, се‘ уште не се идентификувани. Тринаесетмина планинари, меѓу кои и двајца Германци, тројца Французи и еден Непалец, се спасени. Тие се префрлени со хеликоптер во болница во Катманду. Дел од групата планинари, составена од над дваесет луѓе, биле повеќемина Европејци, меѓу нив и Италијанци. Се‘ уште не е утврден точниот број планинари и нивната националност.
Портпаролот на полицијата Басанта Бахадур Кувар изјави дека временските услови се екстремно лоши и дека акцијата за спасување на исчезнатите морала да биде привремено прекината. Планинарите во моментот на лавината се наоѓале на височина од седум илјади метри. Врвот Манаслу инаку е висок 8136 метри. Во Непал сега почнува есенската сезона на искачување на Хималаите.