1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Шацимаркакис му е одземена докторската титула

13 јули 2011

Европратеникот Јорго Шацимаркакис, од редовите на германските либерали, ја загуби докторската титула, поради делови во неговиот докторски труд кои не биле ставени како цитати, а потекнувале од други автори.

https://p.dw.com/p/11uLj
Јорго ШацимаркакисФотографија: picture-alliance/ dpa

Деканот на филозофскиот факултет на Универзитетот во Бон, професор д-р Гинтер Шулц денеска (13.07) објави дека советот на факултетот едногласно одлучил да му ја одземе докторската титула на Јорго Шацимаркакис. Европратеникот и политичар на германските либерали во својот докторски труд вметнал голем број текстови на други автори, чиј почеток и крај не биле ставени во наводници, односно означени како цитати. Комисијата задолжена за случајот утврдила дека повеќе од половината од текстот на докторскиот труд е од други автори.

Во интервју за „Саарбрикер цајтунг“ денеска Шацимаркакис изјави дека ќе се бори за докторската титула. Доколку му биде одземена титулата, ќе пишува нова дисертација, уверува Шацимаркакис. Тој признава дека неговиот начин на цитирање е можеби неразбирлив, но оваа слабост веќе била утврдена и влијаела на висината на оценката што му била дадена за докторскиот труд.

Автор: ЕМФ/дпа/афп

Редактор: Симе Недевски