1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неа Демократија и ПАСОК најголеми губитници на изборите

Жана Ацеска/АМ/дв/дпа/ртре/афп7 мај 2012

На парламентарните избори во Грција гласачите ги казнија владејачките партии за курсот на драстично штедење во земјата. Конзервативците и социјалистите го загубија мнозинството. Заедно освоија 32,4 отсто од гласовите.

https://p.dw.com/p/14qxO
Фотографија: AP

Непријатна порака за еврозоната: на парламентарните избори во Грција зголемен број гласови добија радикалните сили кои одбиваат санирање на високозадолжената држава. Гласачите ги казнија досегашните владејачки партии, кои пред меѓународните кредитори се обврзаа на мерки за штедење како услов за добивање на неопходните кредити.

Griechenland Wahlen 2012 Evangelos Venizelos
Лидерот на социјалистичката ПАСОК Евангелос ВенизелосФотографија: dapd

Неа Демократија и ПАСОК заедно освоија само 32,4 проценти од гласовите. Двете партии, кои во Грција во изминатите четири децении наизменично беа на власт, претпреа големи загуби на гласови. Социјалдемократите прокнижија 30 проценти помалку во однос на изборите од 2009-та година, конзервативците, пак, околу 14 насто.

Според овие резултати, владејачките партии не можат да се надеваат на мнозинство во парламентот. Тие ќе мора да бараат партнери за влада на национално единство. За формирање ваква влада се потребни повеќе партии, како од левиот, така и од десниот табор.

Во изборните победници спаѓаат левите групации. Така, коалицијата на „Радикалните леви“ освои околу 15 проценти од гласовите. За комунистите гласаа околу 8 проценти од избирачите. Покрај левите, профитираа и десноекстремните партии, кои бараа протерување на странците. Тие исто така влегуваат во идниот грчки парламент. Но, вкупно земено, на вчерашните избори дојде до силно расцепкување на политичките сили - во парламентот ќе бидат застапени дури десет политички партии.

Griechenland Wahlen 2012 Linke Alexis Tsipras
Грчката лева коалиција слави по објавувањето на резултатитеФотографија: Reuters

Според грчките закони, најсилната партија има рок од три дена да состави влада. Во спротивно, мандатот го добива втората по сила партија. Доколку и таа не успее, ќе мора да се распишат нови избори. За до гуша задолжената држава тоа би била можна финансиска катастрофа, затоа што е важен секој ден. Идната влада во следниот месец треба да спроведе натамошни мерки за штедење за да ја добие ветенашата финансиска помош од ЕУ и од ММФ.

Griechenland Wahlen 2012 Nikolaos Michaloliakos
Десноекстремистичката Златна зора добија зголемен број гласовиФотографија: Reuters

Во случај на несупех на грчката влада, на Грција и‘ се заканува не само банкрот, туку и испаѓање од еврозоната. Од оваа варијанта стравуваат не само меѓународните инвеститори.

Во изминатите шест месеци Грција беше раководена од коалиција на конзервативците и социјалистите под водство на премиерот Лукас Пападимос. Нејзина единствена цел беше да го осигура добивањето на вториот пакет финансиска помош и делумниот отпис на долговите од приватните кредитори. Тоа беше направено во април, но цената е висока: илјадници Грци останаа без работа, а платите се намалени. Стопанството на земјата веќе пет години е во рецесија.