1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Невообичаени првомајски демонстрации во САД

1 мај 2006

Во САД за денеска е свикан генерален бојкот на нелегалните доселеници од јужно-американските земји.

https://p.dw.com/p/Ac74
Сцена од претходните демонстрации за правата на латино-американските нелегални емигранти во САД
Сцена од претходните демонстрации за правата на латино-американските нелегални емигранти во САДФотографија: AP

Нив ги има 12 милиони и ги извршуваат сите оние работи што просечното американско население не сака да ги извршува, бидејќи меѓу другото се и многу лошо платени, имено под границата од 5,5 долаари по час. Организациите на латино-американските доселеници ги повикаа сите негелани работници да не се појават ниту на работните места, ниту во училиштата, ниту пак во продавниците. Целта е на американската влада да и‘ се покаже колку важна улога играат овие лица, на кои ни најновиот закон за миграција не им дава шанси за легален престој и стекнување државјанство.

„Овој први мај ќе биде историски ден со огромни последици. Очекуваме милиони работници – доселеници и нивни поддржувачи да се одзват на нашиот повик: на 1. мај нема работа, нема училиште, нема продавање ни купување. Ова ќе биде ден без доселениците во Америка!„ – порачува шефот на организацијата „Латино мувмент ЈуЕсЕј„ Хуан Хозе Гутиерес.

Доколку навистина сите засегнати се одзват на неговиот повик, тогаш ова би можел да биде навистина многу болем ден за американското стопанстви и општество. Бидејќи обесправените нелегални доселеници ги извршуваат највалканите и најлошо платените работи во целата земја.

Меѓу американските политички партии владее согласност дека законите биле погрешни, доколку во земјата нелегални живеат и работат цели 12 милиони луѓе. Границите треба подобро да се чуваат – и околу тоа се согласни американските политичари. Но, што со оние нелегални доселеници кои се веќе во земјата?

„Сакаме сеопфатна реформа на законите за доселување, кои ќе ни обезбедат потполна рамноправност. Единствениот злостор на т.н. нелегални доселеници е тоа што многу работат, што редовно плаќаат данок и во цела Америка го обогатуваат животот во општините со својата култура„ – појаснува Хуан Хозе Гутиерес.

Кусо пред Велигденските празници пропадна обидот да се донесе нов закон за доселување во американскиот Конгрес. Ова се должи на фактот што партиите тактизираат во изборната година. Тие од една страна сакаат да ги почитуваат правата на доселениците од Латинска Америка, но во истовреме се плашат од револтот на другите сограѓани кои бараат протерување на нелегалните доселеници, наместо да им се дадат еднакви права. Спроти денешните протести, што можат добро да ја подгреат атмосферата во јавноста, Претседателот Џорџ Буш порача:

„Не поддржувам никакви бојкоти, туку сеопфатна реформа на законите за доселување. Сметам дека оние кои протестираат, тоа треба да го направат на мирен и достинствен начин, со почит, бидејќи оваа дебата може уште повеќе да се разгори.„