1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Невработени, но успешни

Јанис Пападимитриу/ Александра Трајковска 29 март 2012

Костас Бинис и Антонис Гусис се едни од најдобрите на грчката сцена за текстови за реклами, но во услови на криза ја загубија работатa. Денес ја продуцираат најуспешната Веб ТВ серија во Грција.

https://p.dw.com/p/14TVM
Фотографија: sadmen.gr

Брзи дијалози, провоцирачки изјави и караница на конференциската маса. „Sad Men“ по стилот и начинот на раскажување се ориентира на успешната американската ТВ Серија „Mad Man“. Со таа разлика што американската серија дава детална слика на обичаите во шеесетите години - жените ги прикажува како секратарки или домаќинки, а „Sad Men“ е пародија на грчката рекламна индустрија, каде силно се удира на маса ако буџетот не одговара.

Идејата за Веб- серијата на Костас Бинис и Антонис Гусис им дошла спонтано, откако ја загубиле работата во грчката фирма - ќерка на француската рекламна агенција „Leo Burnett“.  Претпријатето кое уживаше углед во Грција банкротираше. Засега ова е кулминација на криза на грчкиот рекламен пазар, каква што досега немало, вели арт директорот Антонис Гусис.

Невработени преку ноќ

„Уште пред две, двеипол години можеше да се види дека работите се движат во надолна линија. Тогаш на луѓето не им остануваа пари за конзум, затоа кај нас се’ повеќе се намалуваа буџетите за реклами или беа драстично ограничени“, се сеќава Гусис. Во меѓувреме помалите агенции пријавија банкрот, средно големите со околу 30 вработени, денес излегуваат накрај со десет луѓе.

Antonis Goussis Produzent der Web TV Serie Sad Men
Антонис ГусисФотографија: DW

Банкротот на рекламните агенции е поврзан и со пропаѓањето на фирмите. Така на пример приватната телевизија Алтер ТВ, која воедно ја донесе во 2009 серијата „Mad Men“ во Грција, минатата година пропадна, и повлече рекламни агенции, кои живееја од нејзините пари. Со тоа голем број луѓе ја загубија работата и тоа многу брзо, вели текстописецот на реклами Костас Бинис. „Замисли си, во осум часот одиш на работа, а веќе во 12 си без работа. Или одиш на работа, а шефот ја затворил фирмата, оти банркотирала. Одеднаш стоиш пред затворени врати и незнаеш како понатаму“, вели Бинис.

Бранашта имено бележи опаѓање на приходите за повеќе од 30 проценти во споредба со 2009. „Прво финансиската криза остави траги, оти клиентите од странство мора да ги ограничат буџетите за раклами, на тоа се надоврза грчката должничка криза. Сега се заканува трета несреќа:  Некои рекламни агенции ги преселуваат своите централи во југоисточна Европа од Атина во Софија или на други места“, се жали Бинис.

Kostas Binis Produzent der Web TV Serie Sad Men
Костас БинисФотографија: DW

Спонзор за младите креативци

Во оваа безизлезна ситуација се роди идејата за Веб-серија, која е пародија на рекламната индустрија. Костас Бинис и Антонис Гусис го напишаа сценариото за првите петнаесет серии и самите ја презедоа продукцијата. Првите снимања ги финансираа од сопствените заштети. „Актерите до денес немаат добиено пари и нашата веб страница ја направивме самите“, појаснува Гусис, пресреќен оти пријатели од браншата  бесплатно им ги отстапија нивните простории по крајот на работниот ден за снимања. „Успеавме да обезбедиме и по некој познат актер. Но, затоа мораме да платиме за камера тимот, опремата и постпродукцијата, а тоа е навистина многу“.

Со оглед на ваквата ситуација продукцијата тече споро. Меѓутоа веќе снимените серии предизвикаа внимание во грчката јавност и ентузијастичко известување во медиумите. Наскоро серијата ќе може да се гледа преку најголемиот Веб-ТВ понудувач во земјата, а во меѓувреме се најде и спонзор за младите креативци: Германски синџир за трговија со електронски производи ќе ги преземе трошоците за шестата и седмата серија на „Sad Men“. Продолжението следува.