1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Невработеноста во фокусот на дебатата за новата влада

28 јули 2011

Од доаѓањето на власт на Никола Груевски во земјата има зголемена невработеност и сиромаштија, обвини опозициската СДСМ на деншното продолжени од седницата за избор на новата влада.

https://p.dw.com/p/125Zt
Груевски се брани дека ја намалил невработеноста предизвикана од СДСМФотографија: Petr Stojanovski

„Имаме програма која е на 70 страни, но таа е празна. Нуди решенија кои што се повторуваат од 2006 па наваму. Од доаѓањето на Никола Груевски на власт имаме зголемена невработеност и зголемена сиромаштија, назадување на интеграцијата на земјава во НАТО и ЕУ, селективна борба со корупцијата и криминалот. Со ваква програма не заслужувате да ја добиете довербата“, рече пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ.

Груевски одговори дека очекува до крајот на мандатот таа да се намали до 25 отсто.

Mazedonien hat Kosovo als unabhängigen Sttat anerkannt
Опозицијата оценува дека програмата на владата е празнаФотографија: Petr Stojanovski

„Не е точно дека со моето доаѓање се зголемила невработеноста. Во владеењето на СДСМ доживеавме историски и невидени размери на невработеност, дури 40 отсто. Во 2006 година ја оставивте државата со 37 отсто невработеност. Сега невработеноста е околу 32 отсто. Во услови на најголемата светска економска криза е намалена за дури пет отсто. Не е доволно тоа, но во такви околности успеавме да ја намалиме. Планот е до крајот на нашиот мандат да ја намалиме до 25 отсто“, истакна Груевски.

ДПА: ова е најнеалбанска влада до сега

Според пратеничката Надица Танчева – Тулиева од ВМРО ДПМНЕ, на опозицијата не и' одговарало и тоа што Јанкулоска ќе го води МВР, поради неселективната борба против корупцијата и криминалот.

„За разика од Јанакулоска, граѓаните ги паметат министрите за внатрешни работи од СДСМ, по нерасчистени атентати, самоубиства, исчезнувањето на 25 килограми кокаин од депото на МВР, скапите коњи и многу други негативни настани“, ја пренесува порталот Курир изјавата на Танчева – Тулиева.

Mazedonisches Parlament
Собранието ќе дебатира до полноќ, кога треба да се гласа новата владаФотографија: Petr Stojanovski

Пратениците од опозициската ДПА како најнеалбанска влада ја оценија коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Според нив, оваа влада ги деградира Албанците.

„ДУИ со многубројните проекти докажа дека е слуга на Груевски. Идеалите кои ги ветувавте во 2001 ги направивте мртви идеали, каде е напредокот и ветувањата за подобар живот за Албанците, каде се инвестициите, каде се проектите битни за Албанците“, праша Орхан Ибраими од ДПА.

Пратениците од ДУИ велат дека обвинувањата се неосновани, бидејќи граѓаните живееле подобро откако се тие дошле на власт.

Дебатата за новиот министерски состав и владината програма треба да заврши најдоцна до полноќ, со гласање за новата влада.

Автор: АМ/СН/ Макфакс/ Курир

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема