1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Kosovo 10 Jahre

10 јуни 2009

На 10.06.1999 год. заврши бомбардирањето на НАТО врз Србија. НАТО-трупите влегоа на Косово, кое се најде под управа на ОН. Косово сега е формално независно, но де факто, зависно од заштитата на меѓународната заедница.

https://p.dw.com/p/I68R
Фотографија: AP

Војната против НАТО за Србија беше бесмислена и безизгледна, смета државниот секретар во српското министерство за Косово, Оливер Ивановиќ. Тогашниот претседател Слободан Милошевиќ и неговиот режим почнаа војна против цел свет, иако од почетокот беше јасно дека ќе ја загубат: „Нема сомневање дека за Србија тоа беше пораз што можеше да се предвиди, зашто немавме шанса против 18-те земји на НАТО. Тоа беше луда политика, која создаде низа грешки против една етничка група и соседите. На крајот доведе до тоа - целиот свет, дури и сојузниците во Првата и Втората светска војна, да бидат против нас.“

Serben fliehen aus ihren Häusern im Kosovo
Косовските Срби не се чувствуваат сигурниФотографија: picture-alliance / dpa/dpaweb

Самиот Милошевиќ и неговата пропаганда го претставија потпишувањето на т.н. „Кумановски договор“ на 09.06.1999 година, со којшто беше ставен крај на 78-дневното НАТО-бомбардирање и беше ставен печат на повлекувањето на српските трупи од Косово, како „голема победа“.

Косовски став: Косово е безбедна држава

Од 17 февруари 2008 година, Косово е независна држава призната од 60 земји во светот, меѓу кои и 22 членки на ЕУ, како и САД. Освен самата Србија и Босна и Херцеговина, и сите соседни држави на поранешна Југославија ја признаа новата држава.

За владата во Приштина, Косово е безбедна, стабилна и демократска земја. Така барем вели министерот за внатрешни работи Зенун Пајазити: „Косово, и покрај тешкотиите што ги имавме, е сосема стабилна земја. Безбедноста на Косово е многу често политички проблем, но мора да работиме на тоа да ја добиеме довербата на сите групи на населението. Косовските институции полагаат особена вредност на правата на малцинствата. Со поддршка на КФОР и на ЕУЛЕКС, напредокот ќе биде уште побрз и подинамичен.“

Luftangriff auf Belgrad
Воздушните напади на НАТО траеја 78 дена, по што Слободан Милошевиќ потклекнаФотографија: AP

Српски став: Косово не е ниту слободно, ни безбедно

Од српски аспект, Косово, десет години по војната не е „ниту слободна, ни безбедна земја“: „На Косово се‘ уште има една етничка група, Србите, кои имаат многу проблеми само затоа што се Срби. Проблемот е уште поголем ако се знае дека на Косово има неколку илјади војници на КФОР и меѓународни полицајци. Сепак, Србите не можат да се чувствуваат сосема сигурни.“

Во моментов, на Косово се стационирани 15.000 војници на КФОР, има речиси 2.000 меѓународни, како и 8.000 косовски полицајци. На почетокот на годината почна создавањето на Косовските безбедносни сили, екипирани со 2.500 лица плус 800 резервисти. Пајазити вели дека сите жители на Косово можат да се чувствуваат безбедни: „Она, што не можеме да го гарантираме е безбедноста за лица кои се вмешани во злосторства и организиран криминал. Ги каниме Србите да соработуваат во сите косовски институции.“

Германски став: тензии има, но протеран е духот на војната

Од прогласувањето независност, состојбата на Косово е прилично мирна. Сепак, и натаму е тензично и нестабилно. Меѓународното воено присуство е потребно и натаму, се‘ додека домашните безбедносни сили не бидат во состојба да гарантираат безбедност за сите групи на населението. Со вакво образложение и германскиот Бундестаг, на крајот на мај, го продолжи за една година мандатот на Бундесверот на Косово. Министерот за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмајер, изјави дека Косово е исправено пред огромни предизвици, меѓу кои и економски развој и борба против корупцијата и организираниот криминал: „Етничките тензии на Балканот останаа, но она што е решавачки важно е што е протеран духот на војната. И покрај сиот напредок на Косово и во регионот, военото присуство ќе биде и натаму потребно.“

Auslandseinsätze der Bundeswehr KFOR Bewaffnete Soldaten der Bundeswehr bei einer Straßenkontrolle nördlich von Mitrovica Kosovo
КФОР е и натаму потребен на КосовоФотографија: picture-alliance/dpa

Повлекување на меѓународните трупи од Косово, затоа, во моментов, како за Србите така и за владата во Приштина е незамисливо. Сите, премногу стравуваат од нови етнички конфликти меѓу етничките групи.



Автор: Бахри Цани / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска