Незадоволство од новиот визен режим
9 јануари 2008Наместо либерализација на визниот режим што го најавуваа двете земји, слободен протек на луѓе и стока, веста за новата прекугранична процедура што од идниот стапува на сила, во неколку македонски гранични области ја примија со вчудовидување. Посебно од оваа одлука ќе биде погоден бизнисот, што особено во дебарскиот крај буквално живее од прометот и услугите што ги прават граѓаните од соседна Албанија.
Кај дел од трговците се чувствува разочарување, а можеби и паника за понатамошната нивна иднина. Оваа одлука ќе има негативно влијание и во бањскиот туризам, сметаат одговорните менаџери.
Инаку револт во врска со промената на визиниот режим со Албанија, во името на граѓаните на Дебар и Струга, трговиците, угостителите и невладиниот сектор од овие општини искажа дебарскиот градоначалник Аргетин Фида.