1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Некролог Марија Шел

27 април 2005

Австриската актерка Марија Шел почина во 79-та година од животот во Кернтен.

https://p.dw.com/p/AeUm
Марија Шел во филмот „Промена„ од 1974.
Марија Шел во филмот „Промена„ од 1974.Фотографија: AP

Родена на 15 јануари 1926-та година во Виена, во семејство на швајцарски писател и австриска актерка, за прв пат застана пред камера уште на 16-годишна возраст, во екот на Втората светска војна. Вистинската меѓународна кариера меѓутоа почна дури 12 години подоцна со остварувањето „Последниот мост„ Поради ангелскиот изглед, руси кадрици и благите сини очи секогаш полни со солзи и подготвени да прикажат најдлабоко страдање, брзо го доби прекарот „душичка„. На небото на филмските ѕвезди се искачи преку улогата на Грушенка во филмот „Браќа Карамазови„, каде му беше партнерка на славниот Јул Бринер. Германското „чудо од госпоѓица„ во сеќавање ќе остане и со филмот „Супермен„ во 1978-та година каде играше со Марлон Брандо:

„Ѕвезда е оној актер, кој кај публиката остава така силен впечаток, што сите го запомнуваат неговото име уште по првиот настап. Тогаш одат да го гледаат уште еднаш, а на третиот настап тука е веќе и целата филмска индустрија, бидејќи од него може да се направат големи пари„ – вели починатата австриска актерка Марија Шел.