1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема војна на валутите!?

11 ноември 2010

Во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, денес (11.11) започна Самитот на Г 20. На средбата на дваесетте водечки индустриски земји и земји во подем тема е билансот на реформата на финансиските пазари.

https://p.dw.com/p/Q6Ch
Германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Барак ОбамаФотографија: AP

Корејскиот претстедател Ли Мјанг-бак ги пречека своите гости на вечера во Националниот музеј. Германската канцеларка Ангела Меркел, претходно, се сретна со американскиот претседател Барак Обама. Тие имаа повеќе теми за разговор, оти во изминатиот период застапуваа различни ставови за економската нерамнотежа. Канцеларката во Сеул уште еднаш нагласи:

„На овој Самит на Г 20 многу ќе се дискутира на таа тема. Сметам дека сите сме согласни оти мора да соработуваме. Политичките одредби за максималната граница на позитивниот трговски баланс или на дефицитот, не се оправдани ни економски, ниту политички и не‘ водат во погрешна насока. Наместо тоа, во фокусот треба да биде слободната светска трговија, а таквите политички одредени граници да не ја загрозат различната конкурентност на учесниците на пазарот.“

Потребна е мултилатерална мрежа

Josef Ackermann Seoul Business Forum
Шефот на Дојче банк Јозеф Акерман во СеулФотографија: dpa

Со тоа делумно се согласува и американскиот претседател Обама, кој е за компромис, исто како околу спорното прашање за промена на курсот на валутите. Прашањето за валутите не може да се разгледува одделно од другите теми, предупредува шефот на Дојче банк Јозеф Акерман. Тој беше учесник на т.н. Бизнис самит, кој домаќините го организираа како вовед во Самитот на Г 20:

„Сметам дека нема војна на валутите, или планирана политика на девалвација во национална полза. Во тој поглед, многу е важно да се согледаат врските на конјуктурните програми на одделни земји, со регулаторните предизвици за финансиската бранша и најпосле со нивното влијание врз финансиските пазари. Има само едно решение, т.е. мултилатерална мрежа, која се надевам ќе биде усвоена на оваа средба на Г 20.“

Нова форма на развојна помош

G20-Gipfel - Lee Myung-Bak Seoul
Корејскиот претседател Ли Мјанг-бакФотографија: picture-alliance/dpa

На вториот ден од Самитот ќе се разговара и за реформите на финансискиот пазар, за трговскиоте биланси и промена на курсот. Домаќинот, Јужна Кореја, во агендата ја додаде и темата развојна помош, што досега беше во належност на водечките индустриски земји Г 8. Се‘ уште не се реализирани нивните ветувања од самитот во Глен Иглс, Велика Британија, во 2005 година. Затоа Ангела Меркел се залага за тоа да не се дискутира за нови средства, туку за нова форма на развојна помош:

„Мора да го промениме класичниот модел на развојна помош и постапно да работиме на тоа - механизмите на пазарната економија да придонесат за поголем просперитет и пораст и во земјите во развој. Јужна Кореја е фантастичен пример за тоа -како во изминатите педесет години успеа од една од најсиромашните земји во светот да стане напредна инсустриска земја. Нејзиниот пример треба да го следат многу земји, кои денес се‘ уште важат за земји во развој.“

Најважно прашање на Самитот во Сеул е да се најде решение за банките, кои носат систематски ризици. Тоа ќе биде договорено најдоцна до крајот на 2011 година, истакна германската делегација.

Автор: Хенрик Беме / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска