1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема враќање кон стариот финансиски поредок

Коментар на Михаел Книге17 ноември 2008

На самитот за финансиската криза во Вашингтон, државите од Групата 20 договорија засилена контрола и зголемена транспарентност на финансиските пазари. Но, самитот не беше успех само поради ова.

https://p.dw.com/p/FwF2
Самит со голем успехФотографија: AP

Очекувањата од овој финансиски и економски самит многу се разијдуваа. Едните очекуваа пресврт и иницирање нов глобален финансиски поредок. Другите посакуваа по звучниот, но не многу суштински апел на Г20 државите, повторно враќање кон дневниот ред.

Самитот на Г 20 во Вашингтон ги разочара претставниците на двете екстремни позиции и токму затоа е успех. Американскиот претседател Џорџ Буш имаше право со своите изјави пред самитот, дека кризата не настана преку ноќ и затоа не може ни да се надмине за еден ден. Но, Европејците, особено Германците, останаа упорни во барањето - реновирањето на зградата на глобалниот финансиски ситем да започне што е можно побрзо.Резултатот на обемниот завршен заклучок може да се согледа: во заедничкиот документ не е договорено само создавање глобални контролни органи, подобар надзор на агенциите за рејтинг и регулирање на високоризичните Хеџ фондови. Во документот стои дека треба да биде потранспарентен и глобалниот финансиси и економски поредок, а меѓународните финаниски органи треба да бидат реформирани.

Искрено, кој мислеше до пред неколку месеци дека токму САД ќе организираат самит на кој ќе биде договорено вакво нешто? Сигурно никој.

Symbolbild G 20 Finanzkrise USA Treffen
Фотографија: AP

Фактот дека беше договорен не само заедничкиот акционен план, туку и јасен временски распоред за негова примена и термин за следен самит, на процесот му даваат уште поголема тежина.

За успех има повеќе причини

Покрај конкрените резултати на самитот, има и уште една причина за големиот успех: за првпат шефовите на држави и влади на најважните индустриски земји седеа заедно на една маса со своите колеги од земјите во развој за да најдат решение за глобалната економска криза. Ова нема да биде само инцидентен потег, туку почеток на идниот глобален кризен менаџмент.

Сите, меѓу нив и западните индустриски земји, поддржуваат поголема улога на земјите во развој како Индија, Кина и Бразил и на меѓународните финансиски институции. Во Вашингтон често беше изговарана реченицата дека финансискиот систем мора да се присподоби на реалноста на 21- от век. Со самит на Г 20 официјално беше инициран нов поредок во глобалните односи на силите. Враќање кон стариот поредок од пред финаниската криза, се чини дека по овој самит практично е незамисливо.