1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема да се нарушат добрите трговски односи

Горан Петрески13 ноември 2006

Властите во Скопје и експертите сметатат дека одбивањњето на Србија и Босна и Херцеговина да го потпишат догвоорот за проширување на ЦЕФТА нема штетно да се одрази врз трговските одности со овие и со земјите кои ќе и пристапат на цариснката унија.

https://p.dw.com/p/Adb8

Минатата недела во Брисел претставниците од Белград и Сараево не го парафираа договорот за слободна цариснка унија, но првиот човек на македонската царина Ванчо Каргов се надева дека ќе се предомислат во дополнителните преговори, во спротивно тие најмногу ќе загубат вели Каргов „Јас мислам дека ќе нема промени во однос на трговската размена со овие две земји. Ако не го потпишат овој договор најголеми губитници ќе бидат Србија и Босна и Херцеховина.“ изјави за Дојче Веле директорот на цариснката управа Ванчо Каргов.

Слични се и размислувањата на експертите. Силвана Мојсовска од економскиот институт од Скопје смета дека традиционално добрите трговски врски на земјите од поранешна СФРЈ нема да се нарушат и во случај Србија и Босна и Херцеговина да останат надвор од ЦЕФТА. Во скеој случај безцаринската трговска унија да има што е можно повеќе членки објаснува Мојсовска „Доколку не дојде и до потпишување од страна на Србија и Босна и Херцеговина, во тој случај остануваат да важат договорите за слободна трговија кои Македонија ги има со овие две држави. Тоа значи дека врз Макеоднија нема посебно штетно да се одрази непотпишувањето на договорот од страна на Босна и Херцеговина иако се разбира во ЦЕФТА би можел да има многу попозитивни резултати за сите држави.“

Договорот за проширување на ЦЕФТА треба да биде потпишан на 19 декември во Букурешт. Македонија и пристапи на Балкансата трговска унија во која уште членуваат Хрватска, Романија и Бугарија, во август годинава. Во јануари идната година во ЕУ си заминуваат Бугарија и Романија, но на ЦЕФТА треба да и се приклучат Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Молдавија. Проценките се дека со проширувањето на ЦЕФТА трговијата меѓу земјите во регионот ќе се зголеми за најмалку 20 проценти, но тоа нема да ја спаси Македонија од огромниот трговски дефицит. Земјата е на добар пат и годинава да го повтори минатогодишниот неславен рекорд од милијарда и двесет милиони долари минус во трговското салдо.