1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Нема зборови за болката и срамот„

18 април 2008

Папата Бенедикт 16-ти со отворени зборови кои наидоа на голем одзив за темите што ги интересираат луѓето. при неговата посета на Вашингтон. Не само на големата миса, туку и во сосема мал круг присутни.

https://p.dw.com/p/Dk9L
Папата Бенедикт 16 зборува на мисата на стадионот во ВашингтонФотографија: AP

Беше тоа гест на помирување: во приватен круг, без камери и микрофони, Папата Бенедикт 16-ти вчера се сретна со петмина злоупотребени жртви на педофилските американски свештеници. По средбата, телевизискиот центар ЦНН со еден од злоупотребените:

„Можам да зборувам само за себе, но мислам дека тоа беше одлична можност да се разговара со Папата. Ние ја искористивме можноста и можевме да кажеме се’. Одговоривме на сите негови прашања за да може и тој да учествува„.

Папата, изјави жртвата, ги слушна сите извештаи, за на крајот заеднички да се помолат, по што тој им упати зборови на надеж и охрабрување:

„Јас се борев со мојата духовност, но надежта е мојата вера. Таа повторно се појави по денешниот разговор. Мартин Лутер Кинг еднаш рече: вербата е чекор. Се’ уште не ги гледаш сите степеници, но првиот чекор е направен„.

За време на посетата на Вашингтон, Папата постојано го искажуваше своето жалење за злоупотребата на децата од страна на свештениците. На мисата на бејзбол стадионот пред скоро 50 илјади верници изјави:

„Ниту еден мој збор не може да ги опише болката и срамот што ги предизвика таквата злоупотреба. Важно е сите оние што страдаа да го добијат нашето посебно внимание„.

Папата Бенедикт 16-ти денеска е во Њујорк каде што, меѓу другото, ќе одржи говор во Обединетите нации.