1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема информирање од судењето на Мубарак

ЕМФ/дпа/афп14 септември 2013

Процесот против соборениот египетски претседател Хосни Мубарак засега ќе се одвива без присуство на медиумите. Судијата забрани информирање од наредните три рочишта поради безбедносни причини.

https://p.dw.com/p/19hc3
Фотографија: picture alliance/AP Photo

Судијата Махмуд ал-Рашиди денеска (14.09.) во судот во Каиро им забрани на медиумите да известуваат за судскиот процес против Мубарак поради националната безбедност. Досега судењето се пренесуваше во живо на египетската телевизија. На рочиштата од кои е забрането известување, а кои се планирани за 19, 20 и 21 октомври, треба да сведочат поранешни високи безбедносни функционери и членови на владата.

Хосни Мубарак е обвинет за корупција и за убиство на повеќе од 800 демонстранти за време на масовните протести на почетокот од 2011 година. Тој во првиот судски процес беше осуден на доживотна казна затвор, но пресудата беше укината поради грешки во судската постапка. Во мај годинава почна новиот судски процес. Мубарак во август беше ослободен од истражен затвор и оттогаш живее во куќен притвор во една воена болница.

На обвинителна клупа се и синовите на Хосни Мубарак, Гамал и Алаа, поранешниот министер за внатрешни работи Хабиб ал-Адли, како и други функционери. Екс министерот и шестмина водечки службеници во Министерството за внатрешни работи се обвинети дека за време на масовните протести пред две години издале наредби да се пука во демонстрантите. Синовите на Мубарак се обвинети за корупција.