1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема конкретен предлог за името, туку нацрт рамка

2 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C0IW

Грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, в понеделник ја почнува дводневната посета на Велика Британија и Германија во текот на која ќе води разговори поврзани со Западниот Балкан. Атина, според весникот “Катимерини“ сака да ги искористи своите адути и да лансира свој предлог за сложено име а решавање на спорот со Скопје и во таа насока се надева на поддршка од Лондон, Париз и Берлин. Медијаторот во спорот со името меѓу Скопје и Атина, Метју Нимиц, вчера на двете страни им понуди нацрт-рамка како основа за наоѓање решение на проблемот. По разговорите што Нимиц ги водеше во Њујорк со македонскиот и грчкиот преговарач, Никола Димитров и Адамантиос Василакис, посредникот одби да соопшти детали за новите идеи. Димитров изјави дека Македонија не смее да биде доведена во ситуација да бира меѓу членство во НАТО и уставното име, бидејќи тоа за Македонија не е избор.