1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема “сино писмо” за Италија

5 јули 2004

И покрај новите задолжувања Италија нема да добие така наречено “сино писмо” од Брисел. Министрите за финасии во рамките на ЕУ донесоа одлука, да се откажат од предупрдување.

https://p.dw.com/p/AeQr
Силвио Берлускони
Силвио БерлускониФотографија: dpa

Со цврсти уверувања и опсежни планови за заштеди, Италија и оваа година одбегна предупредување од Европската Унија, поради опасноста за превисок дефицит во буџетот. Премиерот на Италија Силвио Берлускони на гремиумот на ЕУ му претстави пакет за штедење во волумен од 7,5 милијарди евра

Комисијата на ЕУ, во април годинава предложи предупредување за Италија, бидејќи властите тогаш очекуваа нови задолжувања за 2004 година во висина од 3, 2 проценти. Во мај советот донесе одлука да почека со испраќањето на синото писмо, и на министерот за финасии Тремонти му даде два месеци време да изработи план за штедење. Во кабинетскиот спор околу санирање на буџетот, министерот за финансии Џулио Тремонти се повлече од функцијата. По повлекувањето на Тремонти овој викенд, премиерот Берлускони сам замина за Брисел и најверојатно привремено ќе ја извршува неговата функција.

Плановите за штедење за 2004 година, кои ги предложи премиерот Силвио Берлускони денеска во Брисел, се соодветни за да се избегне преголем дефицит, истакна холандскиот министер за финансии Герит Залм, по средбата на Евро - групата.