1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неочекувана согласност

31 јануари 2006

Во спорот околу иранската атомска програма ќе биде вклучен Советот за безбедност на Обединетите нации. За ова изненадувачки синоќа во Лондон се согласија Соединетите Американски Држави, Европската унија и Русија и Кина.

https://p.dw.com/p/Ac9N
Воздушна снимка на атомските постројки во Иран
Воздушна снимка на атомските постројки во Иран

Овие две земји досега, пред се поради економски интереси, одбиваа таков чекор. Најнапред ќе се сочека извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија што ќе биде објавен на 6 март.

Со решението на петте земји со право на вето и Германија, конфликтот со Иран влегува во нова рунда. Согласноста што ја постигнаа министрите за надворешни работи преставува изненадување: имено спорот со Иран во март да се најде пред Советот за безбедност на Обединетите нации. Зашто Кина и Русија до последен момент се спротивставуваа на таквиот потег. Обете земји во Иран имаат важни економски интереси. Сега во заедничкото соопштение на министрите се вели: Советот за безбедност треба да се занимава со Иран. Всушност дури во март, кога Меѓународната агенција за атомска енергија ќе го достави извештајот за атомската програма на Иран што претставува компромис за да им се излее во пресрет на колебањата на Москва и Пекинг. Министрите нагласено ја подвлекуваат загриженоста околу активностите на иранската влада: тие бараат од Техеран да ги запре нукеларните истражувања. Европејците и САД веќе одамна бараат на Иран јасно да му се каже: нашата трпеливост е на крај. Британскиот министер за надворешни работи Џек Стро:

„Во септември беше констатирано дека Иран ги прекршува обврските од атомскиот договор. Задача на Иран е да докаже дека атомската програма има мирољубиви и никакви други цели. Место тоа да го направи само ги зголеми нашите сомнежи„.

Неодамна Иран го скрши печатот на своите атомски постројки и повторно започна да обработува ураниум во помали количества. Збогатениот ураниум може да се употреби за изградба на атомска бомба.

Во моментов министрите за надворешни работи на земјите со право на вето и Германија се залагат конфликтот да биде решен по дипломатски пат. Следниот чекор затоа ќе бидат мерки за создавање доверба што значи: Иран мора да покаже дека е вистина подготвен да соработува во решавањето на конфликтот. Ако не го направи тоа, дури тогаш може да смета на санкции што би ги вовел Советот за безбедност. Британскиот министер Стро не за воен напад:

„Во сегашниот околности никој не помислува на сила. Заеднички работиме на тоа да се најде мирно дипломатско решение. Никој не зборува за инвазија или за воена акција. Јас ќе ја цитирам Белата куќа: Иран не е Ирак„.

Задутре во Виена се состанува Советот на гувернерите на меѓународната агенција кој ќе расправа за атомската програма на Иран. Велика Британија, Германија и Франција на советот ќе му предложат резолуција. Засега не е јасно како ќе реагира Иран на новата ситуација.