1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Непознати мотивите за нападот во Вашингтон

АТ/ дпа/ афп17 септември 2013

По хаотичен ден, Вашингтон полека се враќа во секојдневието откако едно лице уби дванаесет луѓе во една воена база. Осомничениот напаѓ беше застрелан при престрелка со полицијата.

https://p.dw.com/p/19ibC
Американското знаме на половина копје поради нападот во базата на Воената морнарица во ВашингтонФотографија: Reuters

Еден 34 годишен поранешен активен резервист на американската Воена морнарица во воена база во Вашингтон застрела 12 луѓе. Овој осомничен сторител исто така го загуби животот. Мотивот за нападот сѐ уште не е познат. „Не знаеме што е мотивот“, изјави градоначалникот Винсент Греј вчера вечер и повтори дека ова е „страшна трагедија“. Истрагата наредните денови треба да го разјасни случајот, подвлече Греј. Досега нема знаци за терористичка заднина.

Државниот секретар за морнарица Реј Мабус изјави дека напаѓачот во минатото работел како приватен налогопримач за морнарицата. Според американските медиуми тој успеал да влезе во силно обезбедуваниот објект со исправна легитимација.

Иако во часовите по крвопролевањето полицијата и ФБИ трагаа по второ лице за кое постоеше сомневање дека бил соучесник на напаѓачот, полициски извори во меѓувреме ја отфрлија таа можност. Шефот на полицијата Кети Лајнер изјави дека напаѓачот делувал сам и ги повика жителите повторно слободно да излегуваат од своите домови. Осомничениот напаѓач, со голема веројатност, е самиот одговорен за крвавото дело, рече Лајнер. „Ние и понатаму ја следиме секоја трага“, увери заменикот директор на ФБИ Валери Парлејв.

Американскиот претседател Барак Обама им изрази сочувство на семејствата на загинатите и нареди знамињата да се симнат на половина копје. Обама се заложи за опсежна истрага на случајот. Ќе биде сторено сѐ, за одговорните во случајот да бидат повикани на одговорност, смета претседателот.