1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нерешителноста алиби за продолжување на судирите

7 август 2006

Безуспешното трагање по решение во Њујорк само ги охрабрува Израел и Хезболах да продолжат со борбите, смета во коментарот Петер Филип

https://p.dw.com/p/Adyv
Советот за безбедност
Советот за безбедностФотографија: AP

Ако некој помислил дека првенствена цел на интензивните преговори во советот за безбедност за војната во Либан се насочени кон брз прекин на судирот, тој се измамил. Она што Франција и САД за време на викендот го договорија како компромисно решение, во најдобар случај може да се означи како обид набрзина да се протурка некоја резолуција за Либан. Приота поимот резолуција треба да се свати како одлука, а не во изворна смисла како решение. Тоа по речиси едномесечните жестоки судири и напади е премалку. Недоумицата е дотолку поголема со фактот дека и покрај компромисот советот за безбедност не успеа за време на викендот да се изјасни. Тоа е јасен сигнал до завојуваните страни дека може да се продолжи со борбените дејствија. Тие тоа го прават со се` поголем интензитет и се` повеќе жртви на двете страни.

Оние на кои со резолуцијата треба да им мсе помогне приморани се да се изјаснуваат против. Така либанскиот премиер Фуад Синиора веќе ја отфрли предлог резлуцијата бидејќи некои од најважните прашања со неа не биле решени. Синиора очајнички се обидува да најде решение за судирите, но неговата влада е премногу слаба и тој мора внимателно да се движи меѓу она што е потребно и што е можно.

Неопходно е разоружување на Хезболах како воен фактор во Либан. Во најдобар случај можно е решение со кое на Хезболах и Израел ќе им се овозможи чувство дека со борбите сепак нешто постигнале. Победник и поразен ниту може, а ниту и ќе го има. Токму во ова е и една од најголемите слабости на сегашната резолуција. Од двете страни се бара прекин на воените акции. Сепак на Израел му се дава правото на самоодбрана и не се бара неговата армија да ја напушти територијата на Либан. Таквата формулација дозволува само една формулација, дека Хезболах се означува како агресор. Организацијата ова никогаш нема да го прифати, иако со нападот од 12 јули го иницираше судирот. Би било вистинско политичко самоубиство доколку кој и да е либански премиер би го прифатил таквото толкување.

Друга слабост на предлогот е нејасностијата на чекорите кои би требало да следуваат по прекинот на огнот. На пример дали ќе дојде до ангажирање на меѓународни мировни сили во Либан. Сигурно е само дека реализиацијата на тоа би траело неколку недели, кои би биле многу тешки за и онака напатено население, кое страда заради слепото беснило на израелците и Хезболах. Целосно е разбирливо дека ниту една земја нема да се обиде со воена интервенција да наметне ред и мир на југот на Либан. Ризикиот е толку голем што напросто може да се стане дел од завојуваните страни. Само со убави зборови ниту една земја нема да се поттикне на ангажман. Без ефикасен прекин на огнот нема да има ни безбедност во тој регион, а посебно нема да има мир.