1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нескршена страст за читање

22 март 2010

Саемот на книгите во Лајпциг се смета за барометар на расположението во целата бранша. Ако е така, тогаш сите може да здивнат, оти годинава саемот беше посебно успешен.

https://p.dw.com/p/MZ16
Фотографија: AP

„Дека постои нескршена желба за книгите и страст за читање, дека и кризните времиња не успеаја да му наштетат на овој саем на книгата, тоа можеби е најголемото изненадување,“ вели Оливер Циле, директор на Лајпцишкиот саем на книгата. Факт е дека публиката годинава масовно го посети саемот, така што во саботата привремено мораа да бидат затворени некои од влезовите: „Лајпциг има изворедна публика. Има толку многу читатели кои се интересираат за книгите, со голема страст ги посетуваат штандовите и ги полнат ходниците,“ вели Нора Бауер од издавачката куќа Ханзер од Минхен. Публиката го воодушевува секој, кој првпат доаѓа во Лајпциг. Прво, тука има многу млади луѓе кои го заживуваат саемот, Манга и фановите од стриповите со нивните фантастични костуми, а присутен е и џагорот на школските деца. Од друга страна, тука се сите љубопитни, кои неуморно од едно литературно читање преминуваат на друга дискусија и презентација. Ова покажува, вели директорот на саемот Оливер Циле: „...дека имаме силен производ. Дека нашата специјализација во последните години - една силна програма ориентирана кон германско јазичните изданија, програма за младата публика, поттикнување на децата да читаат и литературата од Средна и Источна Европа како тежишни теми добро функционира.“

Buchmesse Leipzig
Саем на книгата - Лајпциг 2010Фотографија: Leipziger Messe GmbH/Tom Schulze
Leipziger Buchmesse Cosplay Flash-Galerie
Костумирани посетителиФотографија: Leipziger Messe GmbH

Саемот на книгата во Лајпциг во меѓувреме испраќа сигнали ширум Германија, подвлекува шефот на саемот. Со оглед на тоа што образованието станува се’ повеќе тежишна тема, саемот се наоѓа на календарот со термини на се’ повеќе политичари. На малите издавачи, кои претставуваа преку 80 проценти од излагачите, им помага да елиминираат евентуална нова криза: „Кога во четвртокот разговаравме со некои луѓе, очекувањата не беа многу големи. Пред почетокот на саемот имаше лоши навестувања, но нив сега ги негираше изненадувачки високата посета,“ вели независниот издавач Рајнер Ниче од Берлин. Неговата издавачка куќа Транзит со сигурност ќе учествува и на наредниот саем, затоа што на овој саем шанси имаат и оние кои не носат многу познати имиња или организираат големи настапи. Успех доживеа и литературниот фестивал „Лајпциг чита“ на кој беа одржани повеќе од 2000 литературни читања, одлично посетени.

Оттука не изненадува ниту доброто расположемние меѓу организаторите и издавачите: „Што ќе понесеме, како вообичаено, неверојатно голем поттик, потечени нозе и изморени очи и добри разговори за програмата.“ -„Многу прекрасни сеќавања, многу неверојатни средби и пријателства.“ - „Одлично расположение, интересни читатели, значи ќе дојдеме повторно!“

Автор: Силке Бартлик/Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска