1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неславен рекорд - во 2007 во светот 26 милиони бегалци

Ханс-Јирген Маурус18 април 2008

Војни, насилства и прогони ги доведуваат многу луѓе во борба за гол опстанок. Решение во такви ситуации е да ја напуштат татковината. Најголемиот дел од бегалците се од Ирак, Судан и Колумбија.

https://p.dw.com/p/DkR9
Бекство често пати е единствен излезФотографија: AP

Бројот на бегалци и протерани расте, посебно големи димензии придобија реките бегалци внатре во границите на поединечни земји предизвикани од вооружени конфликти и протерувања. Елизабет Расмусен од норвешкиот совет за бегалци, при претставувањето на студијата на Комесаријатот за бегалци на ОН, нагласи: „Денес 26 милиони луѓе се во бегалство внатре во рамките на државите. Тоа е највисок број што е регистриран било кога досега. Во споредба со годината пред тоа, порастот на протераните изнесува шест насто. Притоа воопшто не го броиме луѓето-бегалци од последици на природни катастрофи, туку само оние кои го напуштија својот дом поради насилство, конфликти или тешки кршења на човековите права“.

Според студијата, околу половина од тие 26 милиони потекнува од само неколку земји: 5,8 милиони луѓе во Судан, околу 4 милиони во Колумбија, два ипол милиона во Ирак. Расмусен јасно укажува и на главниот виновник: „За жал, извештајот покажува дека во 21-но од 28 жаришта на кризи, кои минатата година генерираа бегалци, главна причина беа владите. Тие предизвикуваат реки бегалци директно – преку сопствените сили за безбедност, или индиректно преку нерегуларни вооружени групи, а и имплементирањето на политички решенија исто така предизвикува бегалски реакции“.


Како да се разбие „ѓаволскиот круг“?


Комесарот за бегалци на ОН Антонио Гутереш истакна дека на светот му се закануваат и нови опасности: „Доживуваме забавување на стопанскиот пораст и структурни промени во енергетскиот и во секторот за прехранбени продукти, кои имаат енормно влијание и врз цената на прехранбените производи и врз порастот на цените на енергетиката“.

За него консеквенциите од ова се очигледни: „Немам никакво сомневање дека од последиците на зголемените цени на прехранбените продукти најдраматично страдаат протераните и бегалците од надвор од границите на матичните земји. Скапата храна и екстремната беда поттикнуваат нестабилност и конфронтации, тие пак предизвикуваат уште повеќе војни и конфликти чија последица се уште повеќе протерувања“.►◄