1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неуспешни преговори

Паскал Лехлер30 јули 2008

Учесниците на преговорите на Светската трговска организација во Женева изразија жалење за неуспехот околу договорот за либерализирањето на светската трговија. Причина -спорот меѓу САД и Индија за повисокицарини

https://p.dw.com/p/EmWI
Тешко до нов светски трговски поредокФотографија: AP

Разочарувањето во Женева е големо. Генералниот дикектор Паскал Лами вели дека ова е тежок удар за преговорите. Со години Французите се обидуваат за постигнување нов либерализиран поредок во светската трговија. На крајот пропадна обидот за постигнување согласност токму околу специјалните заштитни клаузули за земјите во развој. Како натаму, дали светската рунда трговски разговори сега е конечно завршена, Лами не можеше да каже. Тој сака и натаму да се ангажира за модернизација на системот на светската трговија:

„Мораме да сочекаме да слегне прашината. Во моментов е тешко да се гледа подолгорочно во иднината. Потребен е трезвен поглед за да се донесе одлука дали е можно да се состават повторно делчињата.“


Не се можни брзи пресврти


Лами знае дека веќе не е можно брзо усогласување. Во САД ќе биде избран нов претседател. Демократите повеќе се склони кон протекционизам отколку кон либерална трговија. Во Индија претстојат избори напролет.

Причината за влегување во ќорсокак во преговорите за светската трговија инаку повторно беше аграрот. Индија и Кина бараа заштитни мерки за сиромашните селани. Но, САД не ги прифати понудените клаузули. Лами сепак не обвинува:

„Никакви обвинувања од моја страна.“

Американската претставничка за трговија Сјузан Швојб во изјавата пред новинарите свесно го избегна зборот „неуспех“. Бевме толку блиску до успех, смета таа. Она што беше понудено, останува на маса:

„Со оглед на глобалната криза со животни производи, иронично е што овде на крајот се раговараше колку брзо и до каде може да се оди со зголемувањето на даноците.“

Швојб тврди дека во Женева постоела опасност да се дојде триесет години назад во светскиот трговски поредок.


Нееднакви последици


Нејзиниот колега од ЕУ Петер Менделсон е огорчен, срцето му се скршено што поради малите разлики во бројките е испровоциран неуспех:

„Ова е пораз за сите земји. Но последиците нема да бидат исто за сите. Најмногу ќе ги погодат сиромашните земји, оние во развој, кои најмногу требаше да добијат од оваа преговарачка рунда.“

И германската влада изрази жалење поради неуспехот на преговорите на Светската трговска организација.

Можно е преговорите наесен сепак да продолжат. Светската трговска рунда преговори започна во Доха во 2001 година. Таа има за цел либерализација во светската трговија, која ќе донесе поволности за 153 земји членки на организацијата.