1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Не е лесно да се биде приватен детектив во Македонија

7 мај 2011

Јован Димитровски е првиот приватен детектив од Македонија кој јавно зборува за својата работа, за најинтересните случаи, за сличностите со детективите од филмовите и романчињата. Неговата работа никогаш не е здодевна.

https://p.dw.com/p/10rx5
Фотографија: BilderBox

Откривам исчезнати лица, следам неверни сопружници, ги информирам родителите за навиките и движењето на нивните деца, обезбедувам докази за финансиски измами на осигурителни компании. Ова е само дел од описот на активностите што ги врши приватниот детектив Јован Димитровски, прв во Македонија кој јавно говори за својата професија. Неговата детективска агенција е четврта лиценцирана во земјата, специјализиран е за откривање измами на осигурителните и финансиски институции. Дојче Веле го праша колку неговата работа е слична на онаа што ја вршат детективите од холивудските филмови и крими романите.„ Има сличности како во романчињата, но тоа е само еден сегмент. Во поголемиот број случаи детективот е вклучен во расветлување на кривични дела“.

Detektiv mit Hut und Sonnenbrille
Фотографија: picture-alliance / dpa

Работата е напорна

Дејноста е сеуште слабо развиена, македонските граѓани немаат навика да користат услуги на приватен детектив. Сеуште не се утврдени ниту цените.
„Како на приемер во Словенија препорачана цена е 40 евра за час, кај нас пристојна и реална цена би била меѓу 15 и 25 евра“
Детективската работа е напорна, може да биде опасна но во никој случај не е здодевна објаснува Димитровски. Определбата да се занимава со неа има корени во неговата дваесетгодишна полициска кариера.
„ До крајот на 2006 година работев во МВР на раководни места во одделот за дрога, оружје, последно место организиран криминал за трговија со луѓе, што ми дава добра основа за успешно вршење на детективската работа“.
Потребата за детективски услуги ќе се зголемува
Како поинтересен случај го издвојува тој за откривање на навиките на потенцијалниот бизснис партнер на неговиот клиент кој сакал да дознае дали човекот со кој почнува заедничка инвестиција се коцка и должи пари некому.
Потребата од детективски услуги допрва ќе се зголемува, уверен е Димитровски.
Автор: Горан Петревски
Редактор: Симе Недевски